Хонда, новиот партнер на Мекларен, ја доби својата борба да им биде дозволено да ги развиваат своите ПЕ за време на целата 2015 сезона, а не како што првично им беше наложено до 28 Февруари оваа година.
Управувачкото тело на ФИА за Формула 1 Шампионатот ја повлече својата претходна одлука со која на Мерцедес, Рено и Ферари им беше дозволено да ги развиваат своите ПЕ, но не и на Хонда. Овој потег доаѓа откако Хонда го изрази своето незадоволство во врска со она што го сметаат за неправедна ситуација. Сега на Хонда ќе им биде дозволено да ги развиваат своите сосема нови ПЕ во рамките на граници експлицитно одредени од страна на ФИА.
Правилата околу овие промени се премногу сложени и е стриктно одредено што може, а што не може да се прави на повеќе десетици страници. Ех, кој рече дека и просечниот Ф1 фан треба нешто да разбере!!! Треба да сме врвни инженери да ги разбереме овие правила. Па да се обидеме во куси црти со помош на експертите на BBC да објасниме.
Мерцедес, Рено и Ферари може да променат до 48% од погонските единици што ги користеа во 2014 година до крајот на 2015 сезоната, т.е. секој тим може да искористи одреден број на токени, кои му се одземаат на тимот во зависност кој дел од ПЕ ја менуваат. Деловите на ПЕ вредат повеќе токени според нивното влијание врз перформансите на болидот. Па така, од вкупно 66 развојни токени на располагање, Мерцедес, Рено и Ферари може да искористат 32 за 2015 година.
На Хонда и беше забрането да ја менуваат својата ПЕ по 28 Февруари. Сега со новата одлука, ФИА им овозможи да прават промени на ПЕ и по овој датум, а на располагање ќе имаат просечен број на токени кои останатите три производители не ќе ги имаат искористено до првата трка во Австралија на 16 март.
Чарли Вајтинг, во пример даден за БиБиСи Спорт, вели ако трите производители на почетокот од сезоната имаат по осум, седум и пет неискористени токени, новите производители т.е. Хонда ќе има на располагање шест токени во текот на сезоната (просечен број, заокружен на најблискиот цел број).
Ниту еден од постојните три производители не се очекува да ја започне сезоната со целосна искористеност на сите 32 развојни токени. Мерцедес се во најдобра позиција да не искористат ни третина од нив, но Рено и Ферари би требало да направат поголеми промени во своите ПЕ. Не е познато колку точно токени ќе има Хонда за да ја развива своја ПЕ, но според ФИА и позициите на своите ривали се очекува да имаат значителен број на развојни токени на располагање.
ХОНДА ЈА ДОБИ БИТКАТА СО ФИА
1/18/2015 06:19:00 PM
0
Tags
Share to other apps