Кога сите очи беа свртени кон промоцијата на МП4-30, на патеката во Силверстоун Шампионскиот тим на Мерцедес АМГ го направи првото деби на својот нов болид за 2015 сезоната.
W06 Hybrid е првиот болид кој го вкуси асфалтот на тркачките патеки. Промотивниот настан започна во 14:14 часот по македонско време, кога прво Нико Розберг, а потоа и Луис Хамилтон комплетираа 18 круга, т.е. 47,2 км, за потоа да се прекине снимањето поради снежна бура.
Тимот веќе започна со подготовки за официјалната промоција на W06 Hybrid на патеката во Херез, во недела на 1 Февруари.
ПРВИ ФОТОГРАФИИ НА БОЛИДОТ КОЈ ГИ БРАНИ ШАМПИОНСКИТЕ ТИТУЛИ
1/29/2015 08:08:00 PM
0
Share to other apps