Тимот на Ауди ги објави своето официјално име, Audi Revolut F1, лого и закажа презентација на нивниот адут за Формула 1 шампионатот во Берлин на 20 јануари 2026 година.
Партнерството со Revolut е стратешки камен-темелник на идентитетот на тимот. Нормална појава во последно време, ако веќе даваш многу пари, сигурно ќе го има и твоето име во тимот.
Како и да е, овие спонзорства ни се во втор план, па тимот за нас секогаш си останува Ауди Ф1, колку и да сменат спонзори.
Повеќе пати сме напоменале дека спозорстото е минлива работа, тимот не е. Додуша во последно време и некои тимови се покажаа како милива работа.
За прв пат, тимот на Audi Revolut F1 ќе го претстави својот целосен идентитет на презентацијата во Берлин на 20 јануари.
Дизајниран да биде импресивно искуство, настанот ќе ги прикаже основните столбови на брендот: јасност, техничка интелигенција и емоции.
Централен дел од презентацијата во Берлин ќе биде официјално прикажување на целосниот изглед на Audi R26, болидот за дебитантската сезона во Формула 1 шампионатот.
Презентацијата ќе биде достапна за јавноста на 21 јануари, дозволувајќи им на фановите да бидат дел од инаугуративниот момент.
Како дел од формирањето на тимот Audi Revolut F1, Sauber Motorsport AG ќе биде преименуван во Audi Motorsport AG.
Технолошкиот центар на тимот во Бистер, Велика Британија, исто така ќе биде преименуван во Audi Motorsport Technology Centre UK. Компанијата го почитува своето минато со задржување на името Sauber Holding AG и Sauber Technologies AG.
Гернот Долнер, извршен директор на Ауди и претседател на одборот на директори на Заубер мотоспорт: "Откривањето на името и логото на Audi Revolut F1 тимот означува уште една голема пресвртница на нашето патување кон врвот на мотоспортот."
"И двете даваат на нашата амбиција јасен идентитет, одразувајќи силна визија и иновативен дух. Сега гледаме напред кон Берлин во јануари, каде што официјално ќе го претставиме ова возбудливо ново поглавје за брендот Ауди на светот."
Матија Биното, главен раководител на проектот Ауди Ф1: "Оваа објава дава име и лице на неверојатната работа што ја врши тимот. Тимот се обликува, воден од култура на прецизност и неуморна амбиција."
"Презентацијата во Берлин ќе биде првиот момент кога ќе се обединиме како колектив и ќе ја поканиме нашата глобална база на фанови да ни се придружат пред нашето деби во 2026 година."
Џонатан Витли, тимски шеф на Ауди Ф1: "Денес, нашиот проект го добива својот официјален идентитет. Името Audi Revolut F1 Team е симбол на комбинираната сила на нашите тимови во Германија, Велика Британија и Швајцарија, заедно со нашите партнери."
"Тоа претставува знаме под кое сите се обединуваме итајќи кон новата 2026 година. Ова е клучна пресвртница што го енергизира целиот проект и ја прави нашата долгорочна амбиција опиплива за сите инволвирани страни."
Николај Сторонски, извршен директор и ко-основач на Revolut: "Revolut и Audi се обединуваат во Формула 1 со глобална амбиција да го предизвикаат статус кво и заедничка опсесија со инженерска извонредност. Името и логото на Audi Revolut F1 тимот се првите симболи на овој моќен сојуз што ќе го забрза глобалниот раст на Revolut."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.

