Ферари повторно се покажа во добро светло, но очекуваме најголемите конкуренти Мерцедес АМГ и Ред Бул конечно да покажат добри времиња. Мекларен денес започна добро, Џенсон Батон успеа да комплетира 21 круга, но повторно се соочија со проблеми, па нема да може да продолжат со тест сесијата до сабота. Хонда треба целосно да редизајнира мала компонента од MGU-К под-системот кој е дел од ERS системот.
Луис Хамилтон комплетираше само 11 круга пред да ја прекине сесијата поради болест (висока температура), додека Нико Рзоберг исто така е под знак прашалник за следните денови, имал воспален нерв од вратот, кој предизвикува големи болки. Планот на Мерцедес АМГ за утрешниот ден е да започне Нико, но, ако има неподносливи болки, да го замени Луис, кој би требало да се чувствува подобро. Денес на помош беше повикан Паскал Верлајн, кој денот го започна со болидот на Форс Индија, чив 2014 болид го превзема Серџо Перез.
И тоа е возможно!!! Сузи Волф и Фелипе Наср завршија во чакалот покрај патеката, по нивниот контакт кога Вилијамсот бил на бавен круг, а Зауберот на брз круг. Поголема штета претрпе Зауберот, кој имаше оштетено задно крило, задна суспензија, менувач и под, но механичарите и на двата тима успеаа да ги поправат болидите во рекордно време, за при крај да се најдат повторно на асфалтот. Заубер C34 со мала естетска промена, додадена жолта линија на предниот дел на болидот, но со голем импакт на визуелното дожувување.
Ред Бул и Даниел Рикиардо повторно со проблеми, но имаат добро време, за разлика од вториот тим со Рено ПЕ, кој покажува издржливост, но не баш брзи времиња. Фотографии од денешниот ден на нашата ФБ страна.
ПРВ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:25.011 | 69 | |
2. Кими Раиконен | Ферари | 1:25.167 | + 0.156 | 74 |
3. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:25.547 | + 0.536 | 59 |
4. Серџо Перез | Форс Индија | 1:26.636 | + 1.625 | 34 |
5. Фелипе Наср | Заубер | 1:27.307 | + 2.296 | 79 |
6. Макс Ферстапен | Торо Росо | 1:27.900 | + 2.889 | 94 |
7. Џенсон Батон | Мекларен | 1:28.182 | + 3.171 | 21 |
8. Паскал Верлајн | Форс Индија | 1:28.329 | + 3.318 | 32 |
9. Паскал Верлајн | Мерцедес АМГ | 1:28.489 | + 3.478 | 48 |
10. Сузи Волф | Вилијамс | 1:28.906 | + 3.895 | 86 |
11. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:30.429 | + 5.418 | 11 |