Кими Раиконен на последниот тест ден го имаше најбрзото време, но неговиот нов тимски колега кој заостана за нешто повеќе од една десетинка зад најбрзото време ги користеше медиум гумите на Пирели, за разлика од Финецот кој беше најбрз на меките гуми. Од тимот на Ферари велат дека ова не е одраз на вистинските сили, наведувајќи дека другите големи "играчи" или не ја покажувале својата брзина или пак беа во неволји со погонските единици..
Фелипе Наср и Маркус Ериксон најбрзите времиња со кои секогаш беа при врвот на табелата ги поставуваа на меките гуми на Пирели и беа во костец со возачите на Мерцедес АМГ, тим кој остана забележан по својата километража во текот на оваа тест сесија, отколку по неговата брзина. Вкупниот број на комплетирани круга на Нико Розберг и Луис Хамилтон запре на 515, убедливо најмногу од сите останати тимови.
Мекларен-Хонда беше во центарот на вниманието, но од погрешни причини. Фернандо Алонсо и Џенсон Батон успеаа да комплетираат само по шест круга во првите два дена, за да во последните два дена стигнат едвај до нешто над триесет круга. Вториот ден на Алонсо беше прекинат поради истекување на вода, додека погрешните калкулации за тоа со колку масло треба да се наполни моторот на Хонда и проблем со пумпата за гориво го спречија Батон на последниот ден.
Проблемите на Хонда го ставија проблемите на Рено во втор план, Ред Бул и Торо Росо ги ограничија своите стинтови на помал број круга за да им се овозможи поголема километража на дебитантите да се навикнуваат на новите болиди. Срамен момент за Ред Бул и Дањил Квјат кога младиот Русин го оштети предното крило, а во тимот немаа резервно, па мораше да го преседат втриот тест ден.
Тимот на Вилијамс имаше мирна тест сесија во која беа вклучени неколку долги поправки во гаражата, а Лотус се приклучи со еден ден задоцнување, а потоа заврши неколку часа порано поради проблеми со ПЕ на новиот снабдувач Мерцедес-Бенц. Ова како кратко резиме на тест сесијата, а во продолжение ќе се осврнеме подетално на секој тим посебно, на се она што го забележале аналитичарите и долгогодишни Ф1 новинари на британскиот Аутоспорт, од лице место во Херез.
МЕРЦЕДЕС АМГ
Иако не беа најбрзиот тим на оваа сесија, малкумина се сомневаат дека по доминантната 2014 сезона, 2015-тата ќе биде поразлична. Мерцедес АМГ никогаш не ги употреби меките гуми на Пирели, а евидентно беше дека се работи на подобрување на издржливоста, можеби единствената слаба точка на W05. Покрај другите релевантни показатели се и задовлоството на лицата на вработените во тимот, а двајцата возачи објавија дека болидот се однесува релативно слично на минатата година дури и во неговата првична верзоја за Херез. Имаа неколку помали проблеми, истекување на вода на вториот ден, извртувањето на Луис Хамилтон, но, генерално, тоа беше успешен прв тест на кој што се зголеми ентузијазамот во тимот.
РЕД БУЛ
Даниел Рикиардо, запрашан од новинарите за тоа дали новиот болид е подобар од ланскиот, по малку двоумење одговорил: " Да. Да бидам искрен да... Да... Но нема да навлегувам во премногу детали." Првичните нивни проблеми биле предизвикани од мал метален дел поврзан со пумпата за вода. Додека се реши тој проблем нивните стинтови и на Торо Росо беа скратени како мерка на претпазливост. Потоа се јавија дополнителни проблеми ЕРС-системот и акумулаторите за складирање на емергијата. Се тоа ни навестува дека во Рено Ф1 се уште има многу простор за подобрување на нивната погонска единица. Како ќе оди решавањето на проблемите ќе дознаеме на следниот тест во Барселона. Само кога ПЕ на Рено ќе биде во состојба да дава својот максимум, ќе видиме колку од Ред Бул ја намалиле разликата со Мерцедес АМГ.
ВИЛИЈАМС
Тимот на Вилијамс остана понастрана од насловите во медиумите. Нивниот болид секогаш беше во средината на табелите, со 1.5 секунда од најбрзите времиња. Но, FW37 има доверба од сите во тимот. Валтери Ботас и Фелипе Маса беа задоволни со нивниот прв излет со новиот болид, но, ниту тие не сакаа да кажат нешто премногу. Вилијамс беше силен болид минатата година, но имаше недостаток на потисна сила и стабилен преден дел, за разлика од задниот дел кој беше помалку стабилен. Маса вели дека новиот болид е чекор напред и на двете полиња, а нема причина да не му веруваме на Бразилецот. Друго прашање е дали тоа ќе биде доволно за подобри резултати.
ФЕРАРИ
Според повеќето аналитичари Ферари се на вистинскиот пат. Некој ќе рече, така беше и минатата сезона на тест сесиите, но видете каде заврши на крајот од Шампионатот. Но, оваа година се чувствува малку поинаква. Тие беа најбрзи на три од четирите тест дена, а неговиот клиент Заубер Ф1 беше на врвот при третиот ден и беше втор најбрз во остатокот од сесијата. Во Заубер беа навистина изненадени од тоа колку е подобра ПЕ за оваа, во споредба со минатата година, со која Швајцарскиот тим не успеа да забележи нити еден поен за прв пат откако влезе во Формула 1 во 1993 година, додека Ферари не забележа победа за прв пат од таа иста сезона. Летнаа многу глави во Маранело, и се чини дека останатите серизно си ја сфатија својата работа. Ферари дефинитивно постигнаа напредок, но не се очекува дека ќе го стигнат Мерцедес АМГ, но секако дека би можеле да се замешаат за борбата за второто место со Ред Бул и можеби Вилијамс.
МЕКЛАРЕН
Пред 12 месеци Рено дозна на потешкиот начин колку е тешко новите V6 турбо мотори да се качат на врвот на табелите, кога нивната 2014 Херез тест сесија се претвори во кошмар. Оваа година тоа беше Хонда, која се соочи со многу проблеми поврзани со издржливоста на нивната комплексна машинерија т.е. ПЕ. Само 12 круга во текот на првите два дена и најспоро време на секој од 4-те тест дена, сигурно не беше она што Мекларен и Јапонскиот производител го очекуваа и во најлошите сценарија. Но, сепак сите остануваат убедени дека ситуацијата ќе се подобри драматично во текот на последните две тест сесии во Барселона, како резултат на надградените ПЕ кои се подготвуваат во моментов. Од Мекларен велат дека знаеле дека ултра компактното пакување на MP4-30 го носи ризикот дека кога работите ќе тргнат наопаку, ќе треба длго време да се поправат. Собраните податоци од аеро и сензорите на ПЕ во време кога болидот се однесувал како што треба давале охрабрувачки знаци дека ќе се атаааува на места кои ќе носат пристојни поени за време на Австралиското Гран При.
ТОРО РОСО
Пред почетокот на оваа сезона Торо Росо и Ред Бул ја зајакнаа соработката на технички план за да ги искористат предностите на сега единствените два тима придвижувани од Рено ПЕ. Првичните резултати на оваа соработка се во корист на помалиот тим, па Торо Росо бележеше кругови додека се работеше околу проблемите кои го гушеа напредокот на Ред Бул. Податоците од комплетираните 353 круга од страна на Карлос Саинц ЈР и Макс Ферстапен секако се од корист и за Ред Бул, кој успеа да комплетира само 166 во текот на четирите дена. Оваа констатација се гледа и во изјавата на Џејмс Ки, техничкиот шеф на Торо Росо: "Тоа е заеднички пристап Тоа не е Ред Бул или Торо Росо, тоа е Рено инсталација. Тоа им задава помалку главоболки на Рено и мислам дека тоа ќе ни помогне да се најдат решенија што побрзо..."
ЛОТУС
По страшната 2014 сезона, каде што проблемите со Рено ПЕ, значеа овој тим да биде далеку од Победничките патеки на кои беа навикнати во 2013-тата сезона, на тестот во Херез се најави нивно консолидирање. Префрлувањето на Мерцедес ПЕ им овозможи пристоен чекор напред во ефикасноста, со јасна цел да биде во можност да го направи она што го направи Вилијамс во минатата сезона. И покрај тоа што е премногу рано да се каже нешто со сигурност по само една тест сесија сепак се забележува напредок, ако не друго во издржливоста на Е23, наспроти Е22.
ЗАУБЕР
Веднаш штом Фелипе Наср беше најбрз на третиот ден од тестот во Херез, обвинувањате беа дека Заубер со нерелеватни брзи кругови на меки гуми, само сакаат да придобијат нови спонзори. Маркус Ериксон, кој заврши како втор најбрз зад Кими Раиконен, ги отфрли овие обвинувања, инсистирајќи дека тимот има можност за уште поголеми перформанси кои што C34 може да ги покаже. Дебитантот Фелипе Наср помалку искусен од својот тимски колега некако пак ги потврди сомевањата дека биле на максимумот: "Да бидам искрен, јас не чувствувам дека со овој болид би биле на првото место во други ситуации, но сепак тоа е добро чувство да се заврши во прв план. Несомнено е дека тимот не може да ги загрози водечките тимови, како Мерцедес АМГ, Ферари, Ред Бул, но секако дека подобрената ПЕ на Ферари го става пред своите ривали од минатата сезона, Торо Росо и Лотус во оваа фаза од сезоната. C34 е подобар болид од својот претходник, без разлика дали тоа ќе е доволно за реален напредок на гридот, нешто што останува да се види во текот на сезоната..
2015 болидите се ПОБРЗИ и ПОБУЧНИ!!!
Имаше многу шпекулации во текот на зимата дека 2015 болидите се очекува да бидат побрзи и Херез ни покажа дека тие биле вистинити. Најбрзо време на Кими Раиконен од 1:20.841 беше далеку пред времето од минатата година, 1:23.276 поставенo од страна на Кевин Магнусен. Се разбира, Херез беше само првиот тест и наредните треба да ни го потврдат тоа. Но, јасно е дека производителите на ПЕ имаат огромен пораст на довербата во своите машини, подигнувајќи ја границата на нивна работа, приближувајќи се кон нивниот максимум. Сега само треба да се види дали тој напредок ќе следи и во Барселона. Еден друг значаен елемент како последица на зголемена моќност е што сега ПЕ звучат погласно, нешто за што имаше огромен број негативни критики.
НАЈБРЗИТЕ ВРЕМИЊА ОД СИТЕ 4 ТЕСТ ДЕНА
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | ДЕН/ГУМИ |
1. Кими Раиконен | Ферари | 1:20.841 | 4/М | |
2. Себастијан Ветел | Ферари | 1:20.984 | + 0.143 | 2/Ме |
3. Фелипе Наср | Заубер | 1:21.545 | + 0.704 | 3/М |
4. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:21.982 | + 1.141 | 3/Ме |
5. Маркус Ериксон | Заубер | 1:22.019 | + 1.178 | 4/М |
6. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:22.172 | + 1.331 | 4/Ме |
7. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:22.276 | + 1.435 | 3/М |
8. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:22.319 | + 1.478 | 2/М |
9. Макс Ферстапен | Торо Росо | 1:22.553 | + 1.712 | 4/М |
10. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:22.715 | + 1.872 | 3/М |
11. Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:23.187 | + 2.346 | 3/М |
12. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:23.338 | + 2.497 | 1/Ме |
13. Роман Грожан | Лотус | 1:23.802 | + 2.961 | 4/Ме |
14. Дањил Квјат | Ред Бул | 1:23.957 | + 3.134 | 4/Ме |
15. Џенсон Батон | Мекларен | 1:27.660 | + 6.819 | 4/Ме |
16. Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:35.553 | + 14.712 | 3/И |
КОМПЛЕТИРАНИ КРУГА ПО ВОЗАЧ
ВОЗАЧ | ТИМ | КРУГА | КМ. |
1. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 308 | 1365 |
2. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 207 | 917 |
3. Кими Раиконен | Ферари | 200 | 885 |
4. Фелипе Наср | Заубер | 197 | 872 |
5. Маркус Ериксон | Заубер | 185 | 819 |
6. Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 183 | 811 |
7. Макс Ферстапен | Торо Росо | 170 | 753 |
8. Себастијан Ветел | Ферари | 149 | 660 |
9. Фелипе Маса | Вилијамс | 144 | 637 |
10. Пастор Малдонадо | Лотус | 137 | 607 |
11. Валтери Ботас | Вилијамс | 134 | 594 |
12. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 84 | 372 |
13. Дањил Квјат | Ред Бул | 81 | 359 |
14. Роман Грожан | Лотус | 53 | 235 |
15. Џенсон Батон | Мекларен | 41 | 185 |
16. Фернандо Алонсо | Мекларен | 38 | 169 |
КОМПЛЕТИРАНИ КРУГА ПО ТИМ
П. | ТИМ | КРУГА | КМ. |
1. | Мерцедес АМГ | 515 | 2280 |
2. | Заубер | 382 | 1691 |
3. | Торо Росо | 353 | 1563 |
4. | Ферари | 349 | 1545 |
5. | Вилијамс | 278 | 1231 |
6. | Лотус | 190 | 842 |
7. | Ред Бул | 165 | 731 |
8. | Мекларен | 79 | 349 |
КОМПЛЕТИРАНИ КРУГА ПО ПЕ
П. | ПРОИЗВОДИТЕЛ | КРУГА | КМ. |
1. | Мерцедес-Бенц | 983 | 4353 |
2. | Ферари | 731 | 3238 |
3. | Рено | 518 | 2295 |
4. | Хонда | 79 | 349 |