GRAND PRIX DU CANADA (Montreal-Gilles Villeneuve)
3/06/2011 06:32:00 PM
Кога е изградена патеката?
Вештачкиот остров Нотр Дам среде реката Сент Лоренс е создаден за Светскиот саем EКСПО67 во 1967 година. Откако саемот и Летните олимписки игри во Монтреал во 1976 година го напуштија градот, некои паметни луѓе решија да направат тркачка патека од патиштата на островот. И ете, така настана патеката Ile Notre-Dame, како што се викаше тогаш.
- Кога беше првата трка?
Со оглед на тоа што организаторите на Големата Награда на Канада беа во потрага по постојан дом во 1960-тите и 1970-тите, патеката Ил Нотр Дам првпат беше домаќин на Ф1 трка во 1978 година. Жил Вилнев ја забележа својата прва победа, на патеката што на крајот ќе го носи неговото име.
- Каква е патеката?
Брза патека со ниско побарување на потисна сила е една од омилените на возачите. Патеката е типична старт-стоп, со многу шикани кои ги оптоваруваат сопирачките. Сепак, надвор од свиоците, патеката е брза и течна, додека најисторискиот дел од патеката доаѓа веднаш на крајот од кругот: Ѕидот на шампионите, т.н. откако во него завршија Дејмон Хил, Жак Вилнев и Михаел Шумахер за време на Големата Награда на Канада во 1999 година.
Share to other apps