Мекларен и Ред Бул се тимовите кои имаат најголеми проблеми со своите ПЕ на Хонда т.е. Рено. Џенсон Батон успеа да дојде до 35 круга за Мекларен, три повеќе од неговиот тимски колега Фернандо Алонсо во вторникот. По четврти пат во четири дена, Мекларен мораше предвреме да ја заврши својата програма, овој пат поради проблем со пумпата за гориво.
Ред Бул во меѓувреме малку се подобри. Поради проблем со ПЕ на Рено, тимот не може да комплетира подолги стинтови. Во утринските часови се чинеше дека по само осум круга сесијата ќе заврши за Дањил Квјат и RB11. Но, неговите механичари беа во можност да го решат проблемот, па тој комплетираше 63 круга во пократки стинтови.
Кими Раиконен денес немаше никакви проблеми и комплетираше најмногу километри во еден ден за Ферари, вкупно 106 круга. Ферари, Заубер и Мерцедес АМГ беа тимовите со над 100 круга. Мерцедес АМГ на тој начин се потврди како најпродуктивниот тим на целиот тест.
Фелипе Маса го имаше 5-тото, со најбрзото време за Вилијамс, но од тимот изјавуваат дека целта им била издржливоста, а не поставување на брзи времиња. Роман Грожан во неговото деби со Лотус E23 комплетираше 53 круга, тимот кој го започна последниот тест ден поради проблеми со ПЕ на Мерцедес-Бенц. Но, и покрај тоа Лотус и Грожан велат дека се задоволни со тоа како се одвиваше оваа тест сесија.
Последните две места на табелата се за Квјат со RB11 и Џенсон Батон, со MP4-30, кои се уште немаат поставено репрезентативно време според кое би можело да се донесе заклучок за нивната брзина. Но, тоа ќе биде така се додека не ги решат проблемите со издржливоста на своите ПЕ, кои се далеку поголем приоритет.
Пред сезонските тест сесии продолжуваат на патеката Каталуња во Барселона, од 19-22 Февруари и 26 Февруари - 1 Март. Фотографии од денешниот ден на нашата ФБ страна.
ЧЕТВРТ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Кими Раиконен | Ферари | 1:20.841 | 106 | |
2. Маркус Ериксон | Заубер | 1:22.019 | + 1.178 | 112 |
3. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:22.172 | + 1.331 | 116 |
4. Макс Ферстапен | Торо Росо | 1:22.553 | + 1.712 | 97 |
5. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:23.116 | + 2.275 | 73 |
6. Роман Грожан | Лотус | 1:23.802 | + 2.961 | 53 |
7. Дањил Квјат | Ред Бул | 1:23.975 | + 3.134 | 63 |
8. Џенсон Батон | Мекларен | 1:27.660 | + 16.819 | 35 |