Калeндарот за оваа сезона повторно се намали на 19 трки од како вчера стана јасно дека од одржувањето на Големата награда на Германија нема да има ништо. Според постојниот договор таа требаше да се одржи во Нирбургринг, но новиот сопственик на патеката не бил подготвен да биде домаќин на трка при постојните услови, по неодамнешниот спас од банкрот. Потоа, Еклстоун преговарал со Хокенхајм, каде што првично биле подготвени да бидат домаќини на трката втора сезона по ред, но на крај не е постигнат договор.
Големата награда на Германија за прв пат од далечната 1955 година нема да се оджи, што е уште еден показател дека Формула 1 Шампионатот има големи проблеми, како на тимски така и на организационен план. Оваа трка беше планирана за 19 Јули 2015 година и сеуште е во календарот на ФИА, но е само прашање на време кога и официјлно ќе биде симната од истиот. Други опции за спас на трката нема, бидејќи Хокенхајмринг и Нирбургринг се единствените патеки во Германија кои имаат лиценци за одржување на Формула 1 трка. Така, голема е веројатноста да имаме само 19 трки кои ќе се одржат оваа сезона, бидејќи Еклстоун веќе укажа на тоа дека нема да има заменска трка.
Жртви на овој развој на настаните се Германските Формула 1 фанови, како и возачите на кои тоа им беше трка на домашен терен, Нико Розберг, Себастијан Ветел и Нико Хулкенберг. Дури и Мерцедес АМГ, Шампионскиот тим за 2014 сезоната, не ќе може да се порадува на домашен терен.
2015 ГЕРМАНИЈА ГП - ОТКАЖАНА
3/20/2015 10:32:00 AM
0
Share to other apps