Хелмут Марко, консултатнтот на Ред Бул тимот е првиот кој јавно потврди дека преговарале со својот партнер Рено за иднината на нивниот сестрински тим - Торо Росо. Од Рено се заинтересирани да се натпреваруваат со свој фабрички тим во Формула 1 и за тоа разговарале со неколку Ф1 тимови. Овие разговори се одржаа сега и официјално, а најверојано и најсериозно со Торо Росо, и делумни обиди со Заубер, Форс Индија и Лотус.
Предмет на овие преговори не е само продажба на Торо Росо. Наместо тоа, Хелмут Марко им предложил и поинаква алтернатива, т.е. двата болиди на Торо Росо да бидат обоени во традиционалните бои на Рено. Тоа би значело дека Торо Росо сеуште ќе биде сопственост на Ред Бул, но болидите ќе бидат обоени во жолта боја.
Францускиот производител во неколку наврати се жалел дека и покрај големите успеси на тимот на Ред Бул, нивните големи инвестиции биле ретко забележани во јавноста, а конкуренцијата од Ферари и Мерцедес е јасно претставена благодарение на нивните фабрички тимови. Што ќе биде одлучено од страна на Рено, ќе дознаеме наскоро.
РЕНО САКА СВОЈ ТИМ ВО Ф1 ШАМПИОНАТОТ
3/20/2015 10:59:00 AM
0
Tags
Share to other apps