ПОГОНСКИ ЕДИНИЦИ
Кога беа потврдени новите правила за 2014 сезоната, производителите на мотори се согласија да се ограничи развојот на ПЕ за да се спречи трката во нивен развој и постојано зголемување на трошоците. Сепак сите се согласија дека, сепак, треба да има одреден развој на истите како би се вкалкулирале предвидените промени кај шасиите и напредокот на технологијата. На крајот е постигнат договор за систем на ограничен развој на ПЕ.Според овој систем во првата сезона беше забранета било каква работа на ПЕ, но меѓу 2014 и 2015 година производители може да променат околу 50% од истите. Со толку многу различни компоненти и под-системи помеѓу производителите се постави прашањето како да се дефинира што опфаќаат тие 50%. Решението беше систем на токени.
ПЕ е поделена на 66 области, со одреден број на токени наменет за секоја област. Значи тимовите имаат на располагање 66 области на ПЕ, од кои пет се забранети за било какви промени. За оваа сезона производителите на ПЕ имаат можност да потрошат 32 токени, што би претставувало 48% промени на ПЕ.
Некои области, кои се посложени, имаат поголема вредност на токени. На пример, областа на внатрешно согорување кај моторите, како клипови, комората за согорување, геометрија, време, подигнување на вентилите, свеќички и слично, вредат по три токени додека електрониката кај системите за собирање на кинетичката енергија вредат по еден токен.
Производителите може да изберат било која комбинација на токени за користење, под услов да не потрошат повеќе од 32 вкупно. Овој систем е во сила од кога стапија на сила новите прописи, но во јануари 2015 беше одлучено дека овие токени не треба да бидат потрошени пред стартот на сезоната, како што претходно се мислеше.
Со тоа, сите токени кои нема да се искористат пред трката во Мелбурн, истите ќе може да бидат потрошени во текот на сезоната и тоа станува прашање на стратегија на производителот, за тоа каде, како и кога ќе бидат потрошени остатокот на токени.
Со секоја следна година производителите ќе имаат се помалку и помалку токени на располагање. Во 2016 година ќе им бидат дозволени само 25 токени, во 2017 година ќе бидат само 20. Како резултат на тоа ќе имаме се помали и помали промени на ПЕ на годишно ниво, додека само минимални промени ќе се случуваат меѓу сезоните. Всушност, во 2020 година се очекува дека само 5% од ПЕ ќе бидат променети од претходната година.
Пред почетокот на 2015 сезоната, а во согласност со техничките прописи, производителите на ПЕ го искористиле следниот број на ТОКЕНИ.
Ферари 22 од 32 токени;
Мерцедес 25 од 32 токени;
Рено 20 од 32 токени.
На Хонда како нов производителот им се доделени девет токени за развој на својата ПЕ во текот на сезоната. Овој број е добиен како просечна вредност од преостанатиот број на токени кои го имаат на располагање 2014 производителите.
Значи за остатокот од сезоната на секој тим им се достапни следниот број на токени: Рено 12 токени;
Ферари 10 токени;
Хонда 9 токени;
Мерцедес 7 токени.