Според Маурицио Аривабене, шефот на Ферари, Ф1 може да научи многу од нејзиниот еквивалент на две тркала. Тој ја посети Мото ГП трката за Големата Награда на Италија која се одржа на патеката Муџело во сопственост на Ферари.
"Верувам дека оваа категорија може многу да ја научи Формула 1", изјави Аривабене за италијанските медиуми. "Еве, ако фрлите камче на трибините, нема да падне на земја од толку многу луѓе. Неверојатно. Падокот е, исто така, многу жив, со многу луѓе кои шетаат меѓу возачите и сите разговараат едни со други."
"Ексклузивноста на падокот е глупава, ако тој е празен. Но, прописите и организацијата на формула 1 не е моја работа. Јас работам за Ферари да победува!!!"
АРИВАБЕНЕ ПОРАЧУВА: Ф1 МОЖЕ МНОГУ ДА НАУЧИ ОД МОТО ГП
6/01/2015 07:05:00 PM
0
Share to other apps