Големата Награда на Холандија пред пет години се врати во Ф1 календарот и се до оваа 2026 година се одвиваше на историската патека Зандворт.
Долгата пауза, која започна во 1985 година, траеше до 2021 година, а кам-бекот е по заслуга на големата армија на фанови на Макс Ферстапен.
Но, по бројните еколошки протести и специфичноста на "освестените" Холанѓани, што допринесе и за финансиски тешкотии, денес ќе ја гледаме последната трка, наречена Final Lap, за Големата Награда на Холандија.
Секоја успешна серија во Формула 1 завршува. Промоторите на Големата награда на Холандија немаат субвенции, па одржувањето на настанот е многу тежок потфат, потврдувајќи дека трката во 2026 година ќе биде последна.
Зандворт повторно ќе го напушти календарот, за можеби повторно да се врати еден ден.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Се очекуваше првата година по големата промена на прописите да донесе не само изненадувања, туку и доминација од еден тим кој подобро ги разбираше новите прописи.
Но, иако нема изненадувања, работите стануваат сè потешки за Мерцедес АМГ, доминантен победник на почетокот на сезоната.
Ферари има најмногу освоени поени на последните пет трки, 142 наспроти 135 на Мерцедес АМГ. Сребрените стрели имаат проблеми со издржливоста, па така нивните двајца возачи, имаат по три трки без освоени поени, додека Ферари има само една.
Со толку брзо темпо на развој на болидите, брзината е најважна, а издржливиста е второстепено прашање, но останува релевантен фактор.
Неколку тимови ќе донесат нови елементи во Зандворт и Монца, што би можело да го промени балансот на моќност и во средната на поредокот и во борбата за победи.
Хонда ја претстави новата верзија на својата погонска единица за Астон Мартин, додека Ферари подготви нов под и дифузер, а ќе го претстави и новиот мотор во Монца.
Оваа битка на подобрувања ќе го одреди не само победникот, туку и насоката на развој за следната сезона, бидејќи работата на болидите за 2027 година е веќе во полн ек.
Зандворт е патека богата со историја, традиционално место за европската турнеја на трки, место каде што беа напишани престижни страници во историјата на нашиот омилен мотоспорт.
Оригиналната патека можеби ја нема, но наследството живее во новата конфигурација, кој вклучува многу од оригиналните свиоци, вклучувајќи го и фантастично именуваниот Тарзан свиок, кој што обезбедува едно од најспектакуларните места за претекнување.
Патеката Зандворт се издвојуваше како една од најнеобичните во Ф1 календарот, со брз, течен распоред и чувство на "старата школа".
Имаме вистинска мешавина на брзи свиоци, што ќе ги стави на тест многу аспекти на перформансите на болидот и обезбедува вистински предизвик за возачите.
Зандворт нуди вистинко ролеркостер искуство за возачите, со нагорнините и удолнините помеѓу песочните дини. Еден од највпечатливите елементи на патеката се супер-брзите свиоци 13 и 14, а нагибот од 18 степени ќе додаде значително оптоварување на гумите преку овој дел, што ќе влијае на издржливоста и траењето на гумите.
Како најбрза опција за поминување на 72 круга од Големата Награда на Холандија, барем на хартија, е со едно застанување во бокс за промена на пневматиците.
Ако некој од тимовите се реши за два пит-стопа, најдобро е трката да се започне на жолтите гуми. Потоа може да следуваат два стинта на бели и црвени, доколку се достапни во рамките на распределбата на секој возачот, или старт на црвени, па два стинта на жолтите пневматици.
Стратегијата со едно застанување во бокс како најдобра опција е старт на жолти гуми, па бели, но тимовите кои се сигурни дека менаџирањето на пневматиците ќе биде задоволително можеби да се обидат и со црвените.
Старт на белите гуми дава други можности, за возачите кои стартуваат подолу на гридот, кои ќе сакаат да останат што подолго на патеката, како би ја искористиле секоја укажана можност како што на пример е излегување на безбедносното возило.
Ова е патека од т.н. стара школа со мали безбедносни зони за излетување, а досегашната акција сугерира дека е голема веројатноста за излегување на безбедносниот автомобил, а тоа ќе значи гратис пит-стоп.
Ограничувањето на брзината во боксот е зголемена на 80 км/ч, како и на повеќето други патеки, што значи дека застанувањето за промена на гумите ќе трае околу 20 секунди.
Дарио Марафуски, Пирели: "Одлуката на Ферари и Хас да ја користат црвената гума во Спринтот покажа дека најмеката смеша може да биде опција за денешната трка, заедно со белите и жолтите гуми, кои веројатно ќе бидат најпопуларните избори."
"Ц4 смешата го испорача нивото на перформанси што му беа потребни на Леклер за да се приближи до Норис, благодарение на супериорниот грип, без никакво опаѓање во брзината во подолг период."
"Релативно ниските температури, исто така, помогнаа гумата да се одржи во рамките на оптималниот работен прозорец."
"Спринтот дополнително покажа колку тешко може да биде престигнувањето во Зандворт, важен фактор при проценката колку скапо може да се покаже запирањето во боксот."
"Затоа, најбрзата стратегија е еден пит-стоп, почнувајќи на жолтите гуми, а потоа промена на бели во периодот од 27 до 33-от круг.
Алтернатива, околу една секунда побавна опција, вклучува стартување со црвените гуми, нивно користење до прозорецот помеѓу круговите 26 и 32, а потоа завршување на трката со најтврдата смеша."
"На чиста патеката пред себе, стратегиите со два пит-стопа на хартија изгледаат конкурентни, но потребно е да се земе во предвид неможноста за претекнување на оваа патека."
"Трет стинт би можел да се разгледа во случај на виртуелно безбедносно возило или да се искористи "undercut", повторно под услов да немате сообраќај пред себе на патеката."
"Нивоата на деградација, термички по природа, беа ограничени и, со оглед на тоа што возачите имаат поголема можност да менаџираат со своите гуми за време на трката, не треба да бидат одлучувачки при одредувањето на стратегијата, барем за двете потврди смеши."
Возачите ќе го започнат загревачкиот круг во 15:00 часот, за кога се очекуваат температури околу 18 степени, претежно облачно небо и северен/северо-западен ветер, без веројатност за врнежи, кои се можни непосредно пред почетокот на трката.
Летната пауза заврши, а во сезоната остануваат уште дванаесет трки, под претпоставка дека сите ќе се одржат.
Следниве три трки, Зандворт, Монца и Мадрид, ќе го завршат европскиот дел од сезоната, а потоа Формула 1 ќе тргне на пат за да круниса шампион на почетокот на зимата.
Тоа би требало да биде величествен крај на 2026 сезоната!
ДЕН ЗА ТРКА, ЗБОГУВАЊЕ СО ХОЛАНДСКОТО ГРАН ПРИ
8/23/2026 11:06:00 AM
0
Share to other apps









