Ландо Норис ја однесе победата на Големата Награда на Холандија.
Трка за збогум на Зандворт во која имаше сè, вклучувајќи спектакуларно излетување во првиот круг за Макс Ферстапен што ги развеа црвените знамиња.
Кими Антонели го грабна водството од Норис на стартот што следеше, но возачот на Мекларен блесна кога дојде време да премине на белите гуми и победи со еден пит-стоп помалку од лидерот во шампионатот, кој заврши втор. Џорџ Расел беше трет.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ЗАВРШИ ЛЕТНАТА ПАУЗА, БИДЕТЕ ТЕК ВО НАЈНОВИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕКУ НАШАТА ФБ СТРАНИЦА.
Фернандо Алонсо беше најрадосен денес, дебитираше со надградбите на Хонда за да направи извонреден камбек од осумнаесеттото на деветтото место.
Астон Мартин покажа знаци на својата брзина во текот на викендот, иако резултатите од квалификациите не го одразуваа тоа, но она што направи разлика беше способноста на Алонсо да го одложи својот прв пит-стоп колку што е можно подолго, дозволувајќи му да ја помине трката со само една промена на гумите.
Дождот пристигна во Зандворт половина час пред стартот, создавајќи тешка ситуација за возачите. Патеката беше малку влажна, но никој не ризикуваше да стартува со интермедиа гумите поради губењето време што би го предизвикало запирањето во бокс во првите кругови.
Сите болиди стартуваа со слик гуми. Првите четорица, Норис, Расел, Антонели и Пјастри се одлучија за жолтите, додека возачите на Ферари и Ферстапен ги избраа црвените гуми.
Прв старт. Ландо Норис ја одбрани пол позицијата со леснотија, но Џорџ Расел имаше лош старт и го загуби второто место од својот тимски колега Кими Антонели, кој направи клучно престигнување, и стратешки за оваа трка и во однос на долгорочниот пласман во шампионатот.
Чарлс Леклер, кој стартуваше шести, имаше брилијантен старт и скокна пред Оскар Пјастри и Луис Хамилтон за да го освои четвртото место. Зад нив, Ферстапен се задржа на седмото место.
На крајот од вториот круг, излетување за Макс. Холанѓанецот изгуби контрола врз својот Ред Бул во последниот свиок.
Силно забрза од внатрешната страна, со задното десно тркало помина над белата линија, а поради тоа што патеката беше влажна тоа резултираше со губење на грипот кое не можеше да го надомести.
Тој силно удри во заштитните бариери, предизвикувајќи развејување на црвените знамиња и огромно разочарување на домашните фанови, кои за последен пат го гледаа нивниот идол во Зандворт.
Инцидентот на Макс не беше единствениот... Габриел Бортолето исто така го изврте своето Ауди на истото место, по катастрофалниот старт. Бразилецот падна од деветтото на тринаесеттото место на стартот, а потоа на седумнаесетто.
Црвеното знаме траеше 28 минути. Норис го искористи за да ги замени жолтите со употребувани црвени гуми, но само три круга. Антонели и Расел останаа на почетните жолти гуми.
Леклер, на четвртото место, ги замени употребуваните црвени гуми со нов сет од истата смеша. Првиот рестарт беше прекинат бидејќи Оливер Берман имаше дефект и го паркираше својот Хас покрај патеката.
Вториот рестарт на трката, стоечки, помина без проблеми.
Кими Антонели имаше брилијантен старт, се приближи до Норис во првите метри и го престигна од внатрешната страна приближувајќи се кон првиот свиок.
Младиот Италианец, и покрај тоа што имаше потврда смеша на гуми, имаше далеку подобар грип и тракција. Тоа беше хајлатс на овој рестарт.
Зад нив, Оскар Пјастри исто така блескаше, добивајќи две места одеднаш пред Расел и Леклер на белите гуми. Потврдите смеши се покажаа далеку подобри во првиот круг, но подоцна покажаа значителна деградација.
Неколку моменти подоцна, беа објавени две казни за Арвид Линдблад и Франко Колапинто за нерегуларности при развеаните жолти знамиња во времето на излетувањето на Ферстапен.
Како што минуваа круговите, Антонели и Норис се оддалечуваа од останатите, потпомогнати од фактот дека Пјастри беше на белите гуми и немаше можност да го следи нивното темпо. До 15-тиот круг, Антонели водеше со две пред Норис и 6.5 секунди пред Пјастри.
Џорџ Расел беше четврти, неколку секунди зад Австралијанецот во Мекларен, а Леклер и Хамилтон веднаш зад него во болидите на Ферари.
Застанувањата на водечките во бокс започнаа во 17-тиот круг. Британецот во Мерцедес АМГ беше првиот што повлече нога, менувајќи од жолти на бели гуми за да се заштити од потенцијалниот "undercut" од страна на Ферари и обидувајќи се да ги престигне Мекларените за пласман на подиумот.
Всушност, тој успеа да го победи Оскар Пјастри, кој влезе во бокс еден круг подоцна за уште еден сет бели гуми. Неговото застанување во боксот беше бавно, 5.4 секунди, и следствено на тоа, тој излезе зад возачите на Мерцедес АМГ.
Лидерите, Антонели и Норис истовремено влегоа во бокс во 21-от круг, префрлајќи се на бели гуми. Во истиот круг во бокс замина и Леклер, преминувајќи на жолтите гуми. Неговото запирање беше бавно, 4.2 секунди, и тој се врати зад Расел и Пјастри.
Хамилтон се одвои од останатите, продолжувајќи го својот стинт до крајот на 25-от круг, што му овозможи неколку круга да ја води трката.
Во 26-от круг, првиот круг по пшит-стопот на Хамилтон, Кими Антонели сè уште водеше со 1.5 секунди предност пред Ландо Норис. Џорџ Расел се искачи на третото место пред Оскар Пјастри, иако заостануваше повеќе од шест секунди зад лидерот.
Леклер беше петти, а Хамилтон шести. Сите беа на бели, освен Чарлс, кој беше на жолтите гуми. Потоа трката влезе во мирен период се до 34-от круг.
Моначанецот со Ферарито го грабна четвртото место од Пјастри на излезот од првиот свиок, а завршниот потег за осигурување беше од надворешната страна од третиот.
Веќе во следниот круг, Пјастри беше претекнат и од Луис Хамилтон, кој се искачи на петтото место благодарение на чистата брзина при пристапот кон првиот свиок.
Така, Мекларенот падна на шестото место, а неговите бели гуми беа за никаде. Фернандо Алонсо го продолжи својот прв стинт, што му овозможи да се искачи на осмото место.
Шпанецот издржа до 39-от круг и се врати на патеката на дванаесеттото место, добивајќи позиција во споредба со кога Линдблад и Колапинто кои мораа да отслужат казна од возење низ пит-линијата за непочитување на жолтите знамиња.
Потоа, Астон Мартин ги искористи своите нови бели гуми за да го стигне Албон, и со тоа се искачи на единаесеттото место.
Во 41-от круг, Мерцедес АМГ го повика Кими Антонели во бокс за втор сет бели гуми. Ова го промовираше Ландо Норис во водство, давајќи му реална шанса да победи на трката доколку можеше да го одржи своето темпо без да му треба второ запирање во боксот.
Кими се врати на четвртото место, но 20 секунди зад лидерот Норис и второпласираниот Леклер, и 16 секунди зад третопласираниот Хамилтон. Тимот од Бракли ја следеше истата стратегија со Расел, кој влезе во боксот во истиот круг како и неговиот колега и се најде на шестото место.
Ова создаде напнат момент за Ферари. Хамилтон го бркаше Леклер, покажувајќи ја својата предност во однос на различните смеши на гумите, бели во неговиот случај, жолти за Моначанецот.
Британецот се обиде да наметне тимски наредби во своја корист, за Чарлс да го пушти да помине, но Леклер не се согласи со тоа и го држеше неколку круга зад себе, сè додека и тој не се упати во боксот во 43-от круг.
Антонели се жалеше на недостаток на грип со новиот сет бели гуми, но беше за секунда по круг побрз од Норис, кого можеше да го стигне во последните кругови од трката.
Но, тоа се промени во 47-от круг кога Мекларен го повика Ландо во боксот, давајќи му уште еден сет бели гуми за да се одбрани од потенцијалното напредување на Расел и Леклер. Норис се врати во трката помалку од пет секунди зад Антонели, со седум круга понови гуми.
Зад нив, Фернандо Алонсо се искачи на деветтото место откако Цунода и Гасли ги направија своите втори застанувања во боксот.
Кратко потоа, битката за победата доби драматичен пресврт. Антонели доби совет од својот тркачки инженер, кој му рече да го минува 10-от свиок малку пошироко. Италијанецот одговори дека не може бидејќи нема задни гуми, и додека го кажуваше ова, Ландо Норис го направи својот одлучуваќки потег.
Шампионот имаше многу поголема брзина и го престигна во 54-от круг од надворешната страна на првиот свиок. Во истиот тој круг, тој го престигна и Хамилтон, кој беше во водство, бидејќи сè уште не беше влезен во боксот.
Во 55-от круг, имаше период на виртуелно безбедносно возило, бидејќи Естебан Окон застана на патеката. Неколку возачи го искористија ова за да влезат во бокс по нов сет гуми.
Антонели ги замени белите со црвени гуми, враќајќи се во трката на третото место, 15 секунди зад лидерот, но и зад тимскот колега Расел.
Хамилтон, Леклер и Пјастри се тркаа од четвртата до шестата позиција. И тие ги променија своите гуми, и сите беа на најмеката смеша.
Норис остана на патеката со своите претходни бели гуми, како и Расел, кој како резултат на тоа се искачи на второто место. Но, во 66-от круг, Кими Антонели го престигна Џорџ Расел во првиот свиок. Подоцна стана јасно дека престигнувањето беше премногу лесно, бидејќи Британецот добил тимска наредба да го пропушти својот тимски колега.
Норис водеше во трката со 11 секунди предност на шест круга до крајот, а вистинската закана беше Луис Хамилтон, кој имаше подобри гуми од Расел и беше во позиција да го зграби подиумот.
Во истиот тој круг, двата болида на Вилијамс се допреа во првиот свиок. Карлос Саинц Јр. ја заштити внатрешната страна, Албон се упати кон надворешната страна, а двата болида се се залетаа широко во свиокот.
Тие претрпеа оштетувања и двајцата мораа да влезат во боксот, Карлос за нови гуми, а Алекс се откажа од трката. Шпанецот доби казна од 10 секунди за предизвикување судир.
Ландо Норис ја помина целната линија, забележувајќи заслужена победа на Големата Награда на Холандија, покажувајќи неверојатна брзина на белите гуми и извонредно престигнување на Антонели.
Возачите на Мерцедес АМГ ги задржаа своите позиции на подиумот, Антонели беа втор, а Расел трет, и покрај тоа што Хамилтон претставуваше вистинска закана за пласман на подиумот.
Фернандо Алонсо го обезбеди деветтото место, неговиот најдобар резултат оваа година.
НОРИС ШАМПИОНСКИ ДО ПОБЕДАТА, ТИМСКИ НАРЕДБИ ВО МЕРЦЕДЕС АМГ
8/23/2026 11:39:00 AM
0
Share to other apps




