Јасухиса Араи, шефот на Хонда мотоспортот, изјави дека нивната Ф1 ПЕ во болидот на Мекларен на трката за Големата награда на Унгарија била под максимално оптеретување, без никакви ограничувања на ЕРС-системот.
Фернандо Алонсо заврши петти во хаотичната трка, додека Џенсон Батон успеа да стигне до 9-тото место. Во оваа 2015 сезона тоа беше првиот двоен финиш во поени. Хонда имаше за цел да им овозможи на возачите на Мекларен целосна употреба на ЕРС-системот, што и беше остварено.
Тоа помогна да се направи чекор напред во перформансите на тимот.
"Немаше никакви лимити, без ограничувања и тоа се беше во најдобар ред. Имавме добра програма за распоредување на енергијата, многу добра, а исто така имавме и многу добро генерирање на енергија. Значи употребата на електричната сила беше целосна, што е многу добро."
"Искрено многу сум среќен. Сакам да им искажам благодарност на сите од тимот и, исто така, бладогарам на поддршката од Сакура и од Вокинг. Има голем број на луѓе кои работат многу напорно и ова е многу добар резултат."
КОНЕЧНО МЕКЛАРЕН-ХОНДА НА 100%
7/30/2015 11:10:00 AM
0
Share to other apps

