Кратко по овој прекин, ново црвеното знаме предизвика Кими Раиконен, кој заработи дупната предна лева гума и остана без предно крило, кое се разлета по асфалтот на Хунгаророинг. Инаку, кога сме кај брзината, Луис Хамилтон го забележа најбрзото време, надополнет со својот тимски колега на второто место, далеку пред сите останати болиди.
Да го одбележиме и деби настапот на Фабио Лајмер во болидот на Манор, додека Џолион Палмер неговиот колега од ГП2 серијата поради инцидентите на крајот од сесијата успеа да излезе четири пати на патеката, но без да постави мерено време.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:25.141 18
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.250 + 0.109 22
3. Кими Раиконен Ферари 1:25.812 + 0.671 23
4. Даниел Рикардо Ред Бул 1:26.053 + 0.912 20
5. Дањил Квјат Ред Бул 1:26.070 + 0.929 17
6. Себастијан Ветел Ферари 1:26.395 + 1.254 14
7. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:26.727 + 1.586 25
8. Серхио Перез Форс Индија 1:26.776 + 1.635 14
9. Валтери Ботас Вилијамс 1:26.825 + 1.684 19
10. Макс Ферстапен Торо Росо 1:26.934 + 1.793 27
11. Фернандо Алонсо Мекларен 1:27.272 + 2.131 16
12. Џенсон Батон Мекларен 1:27.308 + 2.167 17
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:27.317 + 2.176 11
14. Фелипе Маса Вилијамс 1:27.381 + 2.240 19
15. Фелипе Наср Заубер 1:27.409 + 2.268 24
16. Маркус Ериксон Заубер 1:27.732 + 2.591 23
17. Пастор Малдонадо Лотус 1:28.568 + 3.427 9
18. Вил Стивенс Манор 1:29.693 + 4.552 17
19. Фабио Лајмер Манор 1:30.631 + 5.490 18
20. Џолион Палмер Лотус без поставено време 4
* 2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.814
Мерцедес АМГ со Луис Хамилтон остана на врвот и на втората тренинг сесија на Хунгароринг. Неговиот тимски колега, не беше на ниво на задачата, па го имаше дури четвртото најбрзо време. Помеѓу болидите на сребрените стрели се најдоа тие на Ред Бул, кои беа нивните најблиски предизвикувачи. Место што до сега беше резервирано за Ферари. Данил Квјат и Даниел Рикардо заврши во половина секунда од најдоброто време на Хамилтон, победувајќи го Нико Розберг.
Сепак сесијата не се одвиваше целосно како што имаа испланирано инженерите на Ред Бул, бидејќи нивната слаба точка моторот на Рено, експлодираше на болидот од Австралијанецот на помалку од половина час до крај на сесијата. Температурата на патеката надмина 50 степени целзиусови, што можеби и беше причина Мерцедес АМГ да не форсира премногу.
Истото го најавија од Ферари дека нема да форсираат премногу на овие петочни тренинг сесии, но колку и да не форсирале, разликата е премногу голема за нешто повеќе во саботните квалификации или неделната трка. Себастијан Ветел не можеше да го контролира својот Ферари, и по кој знае кој пат се виде дека не ја сака оваа патека, каде нема забележано Победа ни во 4-те сезони на доминација со Ред Бул. Дури и Фернандо Алонсо со Мекларен беше само за десетинка поспор на осмото место на табелата.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:23.949 36
2. Данил Квјат Ред Бул 1:24.300 + 0.351 29
3. Даниел Рикардо Ред Бул 1:24.451 + 0.502 16
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:24.668 + 0.719 34
5. Кими Раиконен Ферари 1:25.134 + 1.185 30
6. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:25.599 + 1.650 37
7. Себастијан Ветел Ферари 1:25.660 + 1.711 26
8. Фернандо Алонсо Мекларен 1:25.752 + 1.803 31
9. Валтери Ботас Вилијамс 1:25.881 + 1.932 35
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:25.920 + 1.971 31
11. Макс Ферстапен Торо Росо 1:25.935 + 1.986 19
12. Џенсон Батон Мекларен 1:25.994 + 2.045 32
13. Пастор Малдонадо Лотус 1:26.090 + 2.141 36
14. Фелипе Наср Заубер 1:26.379 + 2.430 36
15. Роман Грожан Лотус 1:26.442 + 2.493 39
16. Маркус Ериксон Заубер 1:26.831 + 2.882 29
17. Роберто Мери Манор 1:29.113 + 5.164 29
18. Вил Стивенс Манор 1:29.115 + 5.166 28
* болидите на Форс Индија не учествуваа поради безбедносни причини
* 2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.482