Унгарското Гран При е 10-тата трка од 2015 сезоната, последната трка пред традиционалниот летен распуст во овој спорт. Тимовите се подготвуваат за борба на тесната и кривулеста патека, Хунгароринг, која е присутнa во календарот од 1986 година и се рангира на третото место на листата на патеки кои биле домаќини на најмногу последователни Ф1 трки, а пред неа се само Монако(62) и Монца(33).
Хунгароринг е патека на која многу од Ф1 возачите ја забележале својата Прва Ф1 Победа, Фернандо Алонсо во 2003 година, Џенсон Батон во 2006 година. Дејмон Хил, исто така, ја забележа својата Прва Ф1 Победа во Унгарија, во болидот на Вилијамс, далечната 1993 година. Тој беше првиот син на светски шампион кој Победил на Ф1 трка.
Со 14 свиоци и само еден вистински правец, Хунгароринг за Ф1 тимовите претставува сличен проблем со кој се среќаваат и во Монте Карло, како да се максимизира и зголеми потисната сила врз болидот. Оптималниот аеродинамичен грип ќе биде резултат на подесувањата од страна на тимовите, но, овде голема улога игра механичкиот грип кој во голема мера ќе зависи од гумите на Пирели. На оваа трка возачите ќе имаат избор од мека или медиум смеша.
И покрај тоа што Хунгароринг е тешка патека за претекнување, според статистиката, Пол позицијата не е од клучно значење. Така, од 2005 година, возачот кој стартувал од првата позиција, бил победник на трката само три пати, а тоа не е никој друг туку Луис Хамилтон.
Покрај тоа што патеката е сурова кон гумите, Хунгароринг е и многу физички напорна за возачите. Таа често се споредува со Сингапур (позната како физички најнапорната патека во календарот), поради големиот број на свиоци, високите температури, и релативно малото воздушно струење низ болидот.
Еве и список на досега искористените делови на ПЕ од страна на секој од возачите:
ICE: мотор со внатрешно согорување
TC: турбо полнач
MGU-H: Генератор на топлинска енергија (издувни гасови)
MGU-K: Генератор на кинетичка енергија (сопирачки)
ES: Акумулатор за складирање на енергија
СЕ: Централна компјутерска единица
Мерцедес АМГ
Луис Хамилтон
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Нико Розберг
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE:2
Ред Бул
Даниел Рикиардо
ICE: 5, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Дањил Квјат
ICE: 5, TC: 3, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Вилијамс
Валтери Ботас
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Фелипе Маса
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE:2
Ферари
Себастијан Ветел
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 3
Кими Раиконен
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 3
Мекларен
Фернандо Алонсо
ICE: 5, TC: 5, MGU-H: 5, MGU-K: 3, ES: 4, CE: 4
Џенсон Батон
ICE: 5, TC: 6, MGU-H: 6, MGU-K: 5, ES: 3, CE: 4
Форс Индија
Нико Хулкенберг
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 2
Серџо Перез
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE:2
Торо Росо
Карлос Саинц ЈР.
ICE: 4, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 2
Макс Ферстапен
ICE: 5, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 3
Лотус
Роман Грожан
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Пастор Малдонадо
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Манор
Вил Стивенс
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 3
Роберто Мери
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 3
Заубер
Маркус Ериксон
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 3, CE: 3
Фелипе Наср
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
ВО ПРЕСРЕТ НА УНГАРСКОТО ГРАН ПРИ
7/23/2015 10:29:00 PM
0
Share to other apps