Според Британскит магазин Autosport, Ромaн Грожан потпишал договор со новиот тим на ХАС ф1. Американскиот тим на Џин Хас ќе дебитира во Формула 1 Шампионатот следната 2016 сезона, а партнерството со Ферари им овозможува користење на нивните менувачи и ПЕ.
Официјалното соопштение од новиот тим, околу нивната возачка постава, се очекува да биде објавено на прес-конференција закажана за во вторникот во Канаполис, каде што се наоѓа нивната база. На истата ќе присуствуваат возачите, сопственикот и спортскиот директор Гинтер Штајнер. Неодамна Хас изјави дека бара возачи со искуство, а не дебитанти, а Грожан е токму таков, а освен тоа и докажано доста брз возач. Овој потег на Грожан се најавува како едно скалило поблиску за возачкото место во Ферари по заминувањето на Кими Раиконен.
Како втор нивни возач се наговестува и Естебан Гутиерез, исто така дел од тимот на Ферари, возач кој го има потребното искуство со Ферари ПЕ. Заедничкиот мотор и менувач, плус користењето на воздушниот тунел, на Хас Ф1 би можело веднаш да му донесат пласман во средината на поредокот, ако не и многу подобри резултати уште во првата сезона.
РОМАН ГРОЖАН СЕ СЕЛИ ВО ХАС Ф1
9/25/2015 06:02:00 PM
0
Share to other apps

