Дањил Квјат беше возачот кој го имаше најголемиот инцидент досега на патеката Сузука, заврши во бариерите на половина минута пред крајот на Q3 сесијата, со тоа скратувајќи ни го задоволството да го видиме крајот на битката при вторите брзи круга. Најважно е што Русинот е ОК и без никакви последици од не така малиот судир. Некој доби, некој изгуби во Q3 сесијата, но Мерцедес АМГ сигурно ќе беше на првиот ред.
Даниел Рикиардо го имаше седмото најбрзо време за Ред Бул, пред Роман Грожан, најбрзиот Лотус на патеката. Следуваат Серџо Перез со Форс Индија и Дањил Квјат кои немаа шанси да постават време во Q3 сесијата.
Нико Хулкенеберг за малку не успеа да се протне во Q3 сесијата и ќе стартува како 11-ти, а Саинц ЈР. немаше сили за повеќе од 12-тата позиција, пред Пастор Малдонадо кој беше 13-ти и Фернандо Алонсо на 14-тата позиција. Макс Ферстапен по проблемите со Рено ПЕ не успеа да се врати во игреа за втората сесија, па за него е резервирана 15-тата стартна позиција.
На денешните квалификации возачите на Заубер не беа во можност да ја поминат Q1 сесијата, а Маркус Ериксон беше побрз од Фелипе Наср за помалку од една десетика од секундата. Од последниот ред ќе стартуваат болидите на Манор. Нив им се придружи и Џенсон Батон кој ќе стартува од 16-тата за Мекларен, пред се поради тоа што неговите инженери не му кажаа како да го подеси својот болид за брз круг.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ЈАПОНИЈА
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:32.584
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:32.660 + 0.076
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:33.024 + 0.440
4. Себастијан Ветел Ферари 1:33.245 + 0.661
5. Фелипе Маса Вилијамс 1:33.337 + 0.753
6. Кими Раиконен Ферари 1:33.347 + 0.763
7. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:33.497 + 0.913
8. Роман Грожан Лотус 1:33.967 + 1.383
9. Серџо Перез Форс Индија без поставено време
10. Дањил Квјат Ред Бул без поставено време
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:32.632
11. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:34.390 + 1.758
12. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:34.453 + 1.821
13. Пастор Малдонадо Лотус 1:34.497 + 1.865
14. Фернандо Алонсо Мекларен 1:34.785 + 2.153
15. Макс Ферстапен Торо Росо без поставено време
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:32.884
16. Џенсон Батон Мекларен 1:35.664 + 2.780
17. Маркус Ериксон Заубер 1:35.673 + 2.789
18. Фелипе Наср Заубер 1:35.760 + 2.876
19. Вил Стивенс Манор 1:38.783 + 5.899
20. Александар Роси Манор 1:47.114 + 14.230
107% време: 1:39.386

