Најбрзото време го забележа Нико Розберг, пред неговиот тимски колега кој при брзите кругови ги бараше лимитите на неговиот болид, т.е. не беше сконцентриран на брзи кругови без грешки. Следува Даниел Рикиардо со болидот на Ред Бул, кој повторно се покажува добро на бавните патеки, кога недостатокот на Рено ПЕ не доаѓа до поголем израз. Нека не ве залажува лошиот пласман на Дањил Квјат кој имаше проблеми со подесувањето на болидот и неговото време не е вистински репрезент.
Себастијан Ветел и Кими Раиконен во стандардна форма за Ферари, неочекувано висок пласман на Валтери Ботас. Фернандо Алонсо повторно со пласман кој дава надеж за пласман во бодови на неделната трка. Повеќе околу формата на тимовите ќе дознаеме на вториот слободен тренинг кој започнува во 15:30 часот по македонско време.
2015 СИНГАПУР ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:47.995 27
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:48.314 + 0.319 24
3. Даниел Рикардо Ред Бул 1:48.331 + 0.336 21
4. Себастијан Ветел Ферари 1:48.494 + 0.499 23
5. Кими Раиконен Ферари 1:48.785 + 0.790 20
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:49.380 + 1.385 19
7. Макс Ферстапен Торо Росо 1:49.466 + 1.471 17
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:49.854 + 1.859 21
9. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:50.019 + 2.024 28
10. Пастор Малдонадо Лотус 1:50.068 + 2.073 21
11. Фернандо Алонсо Мекларен 1:50.123 + 2.128 21
12. Серџо Перез Форс Индија 1:50.125 + 2.130 23
13. Фелипе Наср Заубер 1:50.158 + 2.163 18
14. Роман Грожан Лотус 1:50.341 + 2.346 23
15. Џенсон Батон Мекларен 1:50.455 + 2.460 21
16. Маркус Ериксон Заубер 1:50.883 + 2.888 21
17. Фелипе Маса Вилијамс 1:51.035 + 3.040 18
18. Дањил Квјат Ред Бул 1:51.188 + 3.193 8
19. Вил Стивенс Манор 1:53.903 + 5.908 20
20. Александар Роси Манор 1:53.918 + 5.923 18
ПОД ПРОСЕК: Заубер, Лотус
НАД ПРОСЕК: Ред бул, Мекларен
* 2014: Фернандо Алонсо - Ферари - 1:49.056

