Колку што беше добар Германецот со Ферари, можеби и во подобро светло се прикажа и неговиот поранешен тимски колега Даниел Рикиардо со болидот на Ред Бул, кој ќе му прави друштво на првиот ред. Кими Раиконен беше трет најбрз за Ферари, пред вториот болид на Ред Бул со Дањил Квјат зад воланот. Мерцедес АМГ беше убедливо победен, во нивни стил. Луис Хамилтон го имаше 5-тото најбрзо време, со речиси 1.5 секунди заостанување зад Ветел, а Нико Розберг ќе стартува од шестата стартна позиција.
Изненадувањето се навестуваше уште од Q1 сесијата кога Мерцедес АМГ мораше да премине на супер-меките гуми за да бидат сигурни во проаѓањето во наредната сесија. Себастијан Ветел и Даниел Рикардо ја немаа таа потреба. На долниот крај од табелата се најдоа болидите на Манор, Вил Стивенс и Александар Роси, а останати кои беа елиминирани во Q1 беа и Пастор Малдонадо со Лотус, Маркус Ериксон и Фелипе Наср со болидите на Заубер. Џенсон Батон успеа да го победи Фелипе Наср само за 0.074 за последното место кое носи во Q2.
Во Q2 во зоната за отпаѓање беа Серџо Перез и Нико Хулкенберг, Фернандо Алонсо, Карлос Саинц и Џенсон Батон. И на крајот од оваа сесија овие возачи не успеаа да се пробијат во Топ 10 пласманот, само дојде до мала промена на нивните дотогашни позиции на табелата. Карлос Саинц имаше и проблеми со блиските бариери. На врвот беа Ферари и Ред Бул.
По првите брзи кругови во Q3, Себастијан Ветел повторно со најбрзото време пред Даниел Рикардо, кој имаше три десетинки заостанување. Раиконен беше трет пред Квјат, Нико Розберг петти, а Хамилтон по малите грешки на крај се откажа од својот брз круг и се најде на деветтата позиција.
При вторите брзи круга Даниел Рикиардо го подобри своето време, но недоволно за да го надмине Германецот, кој подоцна уште повеќе го подобри најбрзото време, доволно за Пол позицијата. Раиконен и Квјат исто така не можеа ништо повеќе од вториот стартен ред, додека индиспонираните возачи на Мерцедес АМГ ќе стартуваат од третиот стартен ред, со Хамилтон пред Розберг. Зад нив Топ 10 пласманот го пополнија Ботас, Ферстапен, Маса и Грожан.
Денешните квалификации се добра најава за интересна трка за Големата Награда на Сингапур, која започнува во 14:00 часот.
2015 СИНГАПУР ГРАН ПРИ - КВАЛИФИКАЦИИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ферари 1:43.885
2. Даниел Рикардо Ред Бул 1:44.428 + 0.543
3. Кими Раиконен Ферари 1:44.667 + 0.782
4. Дањил Квјат Ред Бул 1:44.745 + 0.860
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:45.300 + 1.415
6. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:45.415 + 1.530
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:45.676 + 1.791
8. Макс Ферстапен Торо Росо 1:45.798 + 1.913
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:46.077 + 2.192
10. Роман Грожан Лотус 1:46.413 + 2.528
Q2 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:44.743
11. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:46.305 + 2.420
12. Фернандо Алонсо Мекларен 1:46.328 + 2.443
13. Серџо Перез Форс Индија 1:46.385 + 2.500
14. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:46.894 + 3.009
15. Џенсон Батон Мекларен 1:47.019 + 3.134
Q1 Најбрзо време: Дањил Квјат 1:45.340
16. Фелипе Наср Заубер 1:46.965 + 3.080
17. Маркус Ериксон Заубер 1:47.088 + 3.203
18. Пастор Малдонадо Лотус 1:47.323 + 3.438
19. Вил Стивенс Марусија 1:51.021 + 7.136
20. Александар Роси Марусија 1:51.523 + 7.638
107% време: 1:52.714
* 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:45.681

