Според Германскиот Ауто-Мото-Спорт Рено и Лотус во четвртокот и официјално потпишале Меморандум за разбирање според кој Рено по трет пат во Ф1 историјата ќе се врати како фабрички тим. Првите два периоди беа 1977-1985 и од 2002 до 2009 година. Најголем успех беше постигнат со две титули во 2005 и 2006 година.
Лотус може да дише. Иднината е обезбедена. Рено, Тотал и Инфинити ќе го обезбедат целосниот буџет потребен за учество во овој спорт. Дури и со Берни Еклстоун е постигнат договор, Рено да биде меѓу привилегираните екипи.
Финансиите се решени, но останува уште многу други работи кои треба да се дефинираат. Карлос Госн сака веднаш да се премине на Рено ПЕ, но тимот би сакал уште една година со Мерцедес, бидејќи новиот 2016 болид е дизајниран во последните месеци за Мерцедес ПЕ. Конверзијата кон Рено ПЕ би била технички многу тешка задача.
Во улогата на лидер на тимот се спомнуваат имиња како Алан Прост, Фредерик Васе, Кирил Абитебул, Жерар Лопез.
Изненадување кај возачката постава, според Германците Пастор Малдонадо ќе остане уште една сезона во тимот, но Роман Грожан не се договорил со раководството на Рено. Французинот сега е поврзуван со Хас Ф1, а за неговото место конкурираат имиња како Кевин Магнусен, Жан-Ерик Верн и Штофел Вандорн.
РЕНО ГО КУПИ ЛОТУС, ГРОЖАН ОСТАНУВА БЕЗ ВОЗАЧКО МЕСТО?!?
9/20/2015 12:43:00 PM
0
Tags
Share to other apps

