Во пресрет на почетокот на трката стјуардите ги провериле притисоците на гумите на првите четири болиди на патеката. Ферарите биле во рамки на нормалата, додека кај Хамилтон задната лева била 0,3 PSI под минималниот притисок од 19,5 PSI. Кај неговиот тимски колега, Нико Розберг, отстапката била 1,1 PSI под минималната пропишана норма.
Нико Розберг трката ја заврши два круга пред крајот кога откажа неговиот мотор во моменти додека беше во потера на Себастијан Ветел. Тоа го промовираше Фелипе Маса на третото место и последното скалило на Подиумот. Разочарување на денот беше Кими Раиконен, кој стартуваше од втората позиција, но пред самиот почеток ги згрешил поставките на старт, па неговиот болид остана залепен на асфалтот кога се изгасија црвените светла. Финецот падна на последното место и до крајот на трката успеа да стигне само до 5-тото место, изведувајќи неколку добри претекнувања.
Серџо Перез заврши на шестото место пред неговиот тимски колега Нико Хулкенберг, Даниел Рикардо успеа некако да го доведе неговиот болид со проблематична Рено ПЕ до 8-то место, додека Маркус Ериксон и Дањил Квјат го заокружија пласманот на освојувачи на поени.
UPDATE 18:00 CET: Мерцедес АМГ е ослободен од сите обвиненија околу притисокот во гумите на нивните два болиди. Со тоа Британецот ја задржува својата Победа, негова 40-та во Ф1 кариерата. Луис Хамилтон сега ја зголеми својата предност пред Нико Розберг на 53 поени, давајќи му можност да киксне дури на две трки и се уште да биде лидер во Шампионатот.
Голема Награда на Италија, Монца
53 круга, 306.720км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч18:00.688
2. Себастијан Фетел Ферари + 25.042
3. Фелипе Маса Вилијамс + 47.635
4. Валтери Ботас Вилијамс + 47.996
5. Кими Раиконен Ферари + 1:08.860
6. Серџо Перез Форс Индија + 1:19.471
7. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
8. Даниел Рикиардо Ред Бул + 1 круг
9. Маркус Ериксон Заубер + 1 круг
10. Дањил Квјат Ред Бул + 1 круг
11. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1 круг
12. Макс Ферстапен Торо Росо + 1 круг
13. Фелипе Наср Заубер + 1 круг
14. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
15. Вил Стивенс Манор + 2 круга
16. Роберто Мери Манор + 2 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Луис Хамилтон - 1:26.672
БЕЗ ПЛАСМАН:
Нико Розберг Мерцедес АМГ 51
Фернандо Алонсо Мекларен 48
Роман Грожан Лотус 2
Пастор Малдонадо Лотус 1
Генерален пласман по 12 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 252 1. Мерцедес АМГ 451
2. Нико Розберг 199 2. Ферари 270
3. Себастијан Ветел 178 3. Вилијамс 188
4. Фелипе Маса 97 4. Ред Бул 113
5. Кими Раиконен 92 5. Форс Индија 63
6. Валтери Ботас 91 6. Лотус 50
7. Дањил Квјат 58 7. Торо Росо 35
8. Даниел Рикиардо 55 8. Заубер 25
9. Роман Грожан 38 9. Мекларен 17
10. Серџо Перез 33
11. Нико Хулкенберг 30
12. Макс Ферстапен 26
13. Фелипе Наср 16
14. Пастор Малдонадо 12
15. Фернандо Алонсо 11
16. Карлос Саинц ЈР. 9
17. Маркус Ериксон 9
18. Џенсон Батон 6

