Нико пополека ја губи битката за Титулата!!!
Луис Хамилтон ќе стартува од Пол позицијата за утрешната Голема Награда на Италија. Британецот со демонстрација на сирова брзина не даде ни најмала шанса на некој од своите ривали ни да помисли да го победи.
Тоа беше негова 7-ма последователна прва стартна позиција во оваа сезона, втора најдолга серија во Ф1 Шампионатите, после Аиртон Сена во сезоната 1988/89.
Добри квалификации за Ферари, а Кими Раиконен успеа да го победи Себастијан Ветел за старт од првиот ред. Нико Розберг со проблеми при сетирањето на својот болид, па резултат на тоа е "само" четвртото најбрзо време. Тоа е негов најлош пласман по Кинеското ГП, пред 27 трки.
Болидите на Вилијамс, Маса пред Ботас, ќе стартуваат од третиот стартен ред. Серџо Перез, Роман Грожан беа во борба за 7-та и 8-ма стартна позиција, додека Нико Хулкенберг и Маркус Ериксон го заокружија Топ 10 пласманот на денешните квалификации.
Стартот на Италијанското Гран При е закажан за утре во 14:00 часот, а пласманот на Ферари ни дава надеж за добра трка.
2015 ИТАЛИЈАНСКО ГРАН ПРИ - КВАЛИФИКАЦИИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:23.397
2. Кими Раиконен Ферари 1:23.631 + 0.234
3. Себастијан Ветел Ферари 1:23.685 + 0.288
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:23.703 + 0.306
5. Фелипе Маса Вилијамс 1:23.940 + 0.543
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:24.127 + 0.730
7. Серџо Перез Форс Индија 1:24.626 + 1.229
8. Роман Грожан Лотус 1:25.054 + 1.657
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:25.317 + 1.920
10. Маркус Ериксон Заубер 1:26.214 + 2.827
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:23.383
11. Пастор Малдонадо Лотус 1:24.525 + 1.142
12. Фелипе Наср Заубер 1:24.898 + 1.515
13. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:25.618 + 2.235
14. Дањил Квјат Ред Бул 1:25.796 + 2.413
15. Даниел Рикиардо Ред Бул без поставено време
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:24.251
16. Џенсон Батон Мекларен 1:26.058 + 1.807
17. Фернандо Алонсо Мекларен 1:26.154 + 1.903
18. Вил Стивенс Манор 1:27.731 + 3.480
19. Роберто Мери Манор 1:27.912 + 3.661
20. Макс Ферстапен Торо Росо без поставено време
107% време: 1:30.148
* 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.109

