Според Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, Ферари треба да се смета за кандидат за Титулите ако Мерцедес АМГ продолжи со проблемите и на Јапонското Гран При, кое е на програмата овој викенд. Себастијан Ветел забележа изненадувачка Победа на трката за Големата награда на Сингапур, остварена на доминантен начин.
"Мислам дека шансите за тоа се минимални и дека е многу лесно да те понесе моментот. Не можеме точно да знаеме кои беа проблемите на Мерцедес АМГ, зошто не беа конкурентни. Ако тие се пренесат и на следниов викенд, тогаш Ферари има шанса. Мерцедес АМГ не изгледаа конкурентни во текот на целиот викенд и беше невообичаено да не ги гледаме нивните возачи на подиумот."
"Се верува дека проблемот беше околу перформансите на гумите. Противничките тимови беа збунети од нивните перформанси, но изгледа и тие самите не знаеа што тргна наопаку. Моторот не беше проблем, возачите не се проблем, и аеродинамиката на нивниот болид беше одлична во текот на сезоната. Значи, мора да беше до механичкиот грип или гумите на Пирели. Сигурен сум дека тие имаат умни луѓе кои ќе го решат овој проблем."
СУЗУКА ТЕСТ ЗА ШАМПИОНСКИТЕ АМБИЦИИ НА ФЕРАРИ
9/21/2015 09:17:00 PM
0
Share to other apps

