По ноќната трка од минатиот викенд во Сингапур, Формула 1 се сели на патеката Сузука за Големата Награда на Јапонија. Сузука е една од најпознатите патеки во овој мотоспорт, и претставува голем технички предизвик за тимовите и возачите.
Сузука ги има сите типови на свиоци, од сложениот прв сектор, каде што прецизноста е сè, па се до легендарните Spoon, Dunlop и 130R. Перфектен брз круг на Сузука е еден од најголемите предизвиците на сезоната за секој возач. Патеката е една од најбрзите, со просечна брзина од околу 225 км/ч, но не е се до моќта на ПЕ, туку во игра е аеродинамична ефикасност, особено низ Esses, каде што брзите промени на насоката ставаат акцент на потисната сила и добро балансиран болид.
Фактот што патеката е напорна за гумите, со едни од најголемите странични оптоварувања во сезона, наоѓањето на перфектниот сет-ап на болдиот не е баш лесна задача за секој возач. Ф1 заедницата ги сака теориите на заговор, па така имаше прилично голем број околу формата на Мерцедес АМГ во СИнгапур, во отсуство на конкретно објаснување од самиот. Тие се движеа од тоа дека на Шампионскиот тим им било наложено да им "олеснат" на конкуренцијата, за да се направи битката за Титулите поинтересна, до тоа дека од Пирели им биле дадени меки гуми, маскирани како супер-меки. Сите очи се свртени кон нив и нивната форма на Сузука.
Луис Хамилтон доаѓа во Јапонија како лидер во Генералниот пласман на возачите, иако неговата предност од 53 поени беше намалена на 41 во однос на неговиот тимски колега, по неговата незавршена трка во Сингапур. Победата на Ферари на Марина Беј, од друга срана ни укажа дека Себастијан Ветел, се уште не би требало да се отпише од трката за Титулата.
Ова е место каде во многу наврати се заверуваше Шампионската Титула. Како ќе се одвиваат настаните и каков ќе биде распоредот на силите овој викенд, ќе ни биде појасно по завршувањето на тренинг сесиите кои се на програмата вечерва, Четврток спрема Петок, со почеток во 03:00 и 07:00 по македонско време.
Помина година од несреќата на Жил Бјанки, па враќањето на местото на настанот ќе биде доста емоционално за сите фанови на Формула 1. На местото на несреќата е веќе инсталиран поголем кран, но тоа нема да го врати Бјанки.
ВО ПРЕСРЕТ НА ЈАПОНСКОТО ГРАН ПРИ
9/24/2015 10:33:00 PM
0
Share to other apps

