Пол Хембри вели дека Пирели ќе ја разгледа својата иднина во Формула 1 ако Ред Бул и Торо Росо не успеат во напорите да се најдат на гридот во следната 2016 година. Двата тима на милијардерот Дитрих Матешиц се во критична фаза за тоа дали тие ќе останат во Ф1 после оваа сезона. Со раскинувањето на договорите со Рено, и двете екипи се потпираат на постигнување задоволителен договор со Ферари.
Со свое видување на оваа тема се огласи и Пирели, официјалниот снабдувач со гуми, кои мислат дека заминувањето на овие два тима ќе го ослабне Формула 1 Шампионатот. Доколку дојде до таков расплет тие се подготвени да ја разгледаат својата иднина во шампионатот.
Пол Хембри: "Ако изгубите два квалитетни и финансиски добро ситуирани, а пред се високо професионални тимови, тогаш треба да бидете загрижени. Знам дека луѓето велат тимови доаѓаат и си одат, но се работи за многу сериозна инвестиција направена во текот на еден значителен број на години од страна на Ред Бул, и од наша гледна точка, тоа драматично ќе го ослабне спортот. За нас, тие се два многу важни тимови."
Пирели, моментално е во преговори со Берни Еклстоун во врска со продолжување на договорот за испорака на нивните гуми во периодот од 2017-2019 година, а единствен каков-таков конкурент им е Мишелин. Одлуката треба да се донсе во тект на месец Октомври.
Берни Еклстоун: "Ја знам нивната позиција, но сосема сум сигурен дека тие ги знаат и нашите ставови околу ова прашање, дека дефинитивно не сакаме да ги изгубиме овие два тима од Формула 1 Шампионатот."
ПИРЕЛИ ЗАМИНУВА ВО ПАКЕТ СО РЕД БУЛ И ТОРО РОСО?!?
9/30/2015 07:35:00 PM
0
Share to other apps
