Првиот болид излезе на патеката по 30-тина минути, што значеше дека возачите нема да бидат во можност да го искористат доплнителнит сет на гуми што им го доделува Пирели за првиот слободен тренинг. Исто така, патеката беше официјално прогласена за влажна, поради чистењето на дизелот, што значеше дека возачите можат да ги користат медиум или гумите за влажно време.
Повеќето од акцијата се одвиваше во последниот половина час од сесијата, имаше голема гужва на патеката, па возачите излегоа колку да го почувствуваат асфалтот, се поради временската прогноза која навестува дожд за вториот тренинг. Поставените времиња не треба да ги земаме како репер за тоа кој тим како стои на патеката во Сочи. Вториот Тренинг треба да започне во 13:00 часот по македонско време.
2015 РУСИЈА ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:44.355 11
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:44.407 + 0.052 15
3. Себастијан Ветел Ферари 1:44.986 + 0.791 11
4. Серџо Перез Форс Индија 1:45.146 + 0.791 11
5. Даниел Рикардо Ред Бул 1:45.233 + 0.878 10
6. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:45.488 + 1.133 13
7. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:45.691 + 1.336 10
8. Валтери Ботас Вилијамс 1:45.746 + 1.391 13
9. Макс Ферстапен Торо Росо 1:46.203 + 1.848 13
10. Кими Раиконен Ферари 1:46.215 + 1.860 16
11. Џенсон Батон Мекларен 1:46.231 + 1.876 12
12. Фелипе Маса Вилијамс 1:46.333 + 1.978 12
13. Фелипе Наср Заубер 1:46.747 + 2.392 13
14. Фернандо Алонсо Мекларен 1:47.443 + 3.088 16
15. Пастор Малдонадо Лотус 1:48.006 + 3.651 9
16. Данил Квјат Ред Бул 1:48.096 + 3.741 9
17. Џолион Палмер Лотус 1:49.094 + 4.739 9
18. Роберто Мери Манор 1:52.994 + 8.639 12
19. Маркус Ериксон Заубер 1:54.272 + 9.917 12
20. Вил Стивенс Манор 1:58.254 + 13.899 6
ПОД ПРОСЕК: /
НАД ПРОСЕК: /
* 2014: 1. Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:42.078

