Невообичаено за Формула 1 Шампионатот квалификационата сесија започна само 5 часа пред стартот на трката, а се поради поројниот дожд и грмотевиците кои го зафатија реонот во текот на последните 48 часа. Од една страна возачите форсираа за што подобар стартен пласман, но, исто така, мораа да внимаваат многу повеќе на своите болиди, бидејќи секој поголем инцидент значеше и неучество на трката.
Како започна викендот продолжи и за време на овие квалификации, дожд, дожд и само дожд, па така сесијата мораше да биде прекината по завршувањето на Q2 сесијата. Стартниот поредокот ќе се формира по редоследот кој го имавме до тој момент.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САД
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:56.824
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:56.929 + 0.105
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:57.969 + 0.839
4. Дањил Квјат Ред Бул 1:58.434 + 1.138
5. Себастијан Ветел Ферари 1:58.896 + 1.177
6. Серџо Перез Форс Индија 1:59.210 + 1.543
7. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:59.333 + 1.588
8. Кими Раиконен Ферари 1:59.703 + 1.639
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:59.999 + 1.737
10. Макс Ферстапен Торо Росо 2:00.199 + 2.743
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:56.824
11. Фернандо Алонсо Мекларен 2:00.265 + 3.441
12. Валтери Ботас Вилијамс 2:00.334 + 3.510
13. Роман Грожан Лотус 2:00.595 + 3.771
14. Џенсон Батон Мекларен 2:01.193 + 4.369
15. Пастор Малдонадо Лотус 2:01.604 + 4.780
Q1 Најбрзо време: Даниел Рикиардо 1:56.495
16. Маркус Ериксон Заубер 2:02.250 + 5.717
17. Фелипе Наср Заубер 2:03.555 + 6.699
18. Александар Роси Манор 2:04.621 + 7.681
19. Вил Смит Манор 2:04.679 + 8.031
20. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 2:07.304 + 10.809
107% време: 2:04.650
Напомена возачите на Ферари
имаат казна од 10 стартни места поназад

