Одлуката да се одржи денешниот тренинг беше донесена неколку минути пред самиот почетокот. Инспекцијата на патеката, која беше преплавена со вода, во корелација со најавените полоши услови за подоцна во текот на денот, беше доволен услов да се даде зелено светло за болидите да може да излезат на патеката и го почувствуваат асфалтот. Од безбедносни причини организаторите се решија да не ги отворат вратите за ф1 фановите, па трибините беа речиси празни.ФИА ги предупреди тимовите дека не смеат ни да помислат да стават никакви подруги гуми освен тие за влажно време. Тимовите, исто така, беа предупредени дека доколку не се одржи Квалификациската сесија, постигнатите резултати ќе одлучуваат за стартниот поредок на утрешната трка. Имајќи го сето ова во предвид со самиот почеток на сесијата сите возачи беа на патеката настојувајќи да забележат што побрзо време. А кога се брза во вакви услови, грешките се неминовни, па така Нико Розберг имаше мал допир со бариерите покрај патеката, при што го оштети предното крило. Времето потребно да го замени за ново му донесе многу полоши услови на патеката.
Како што одминуваше тренингот дождот се зголемуваше, па возачите се помалку излегуваа на патеката, но делимично и поради фактот што на располагање имаат само 3 комплета на гуми за влажно време, па мораше да се штедат за квалификациите и трката. Луис Хамилтон без некое поголемо оптоварување на својот болид успеа да го забележи најбрзото време, пред Себастијан Ветел со Ферари и Нико Хулкенбере со Форс Индија. Организаторите и ФИА се надеваат дека Квалификациите ќе се одржат во закажаното време, 20:00 MK, но дождот продолжува, па дополнителни објави се очекуваат во секој момент.
UPDATE:
- Квалификациите одложени за 20:30 MK
- Квалификациите одложени за 21:00 MK
- Квалификациите одложени за 21:30 MK
- Квалификациите одложени за 22:00 MK
- Квалификациите одложени за 22:30 MK
- Ако не постои јасен показател за престанок на дождот и подобрување на временските услово до 23:00 часот квалификациите ќе бидат одложени за 15:00 часот во недела.
- Квалификациите одложени за утре во 15 часот!!!
Не заборавајте дека вечерва Сабота/Недела стрелките на часовникот се враќаат еден час поназад!!!
2015 САД ГП - ТРЕТ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес 1:59.517 9
2. Себастијан Ветел Ферари 2:00.380 + 0.863 9
3. Нико Хулкенберг Форс Индија 2:00.496 + 0.979 12
4. Валтери Ботас Вилијамс 2:00.523 + 1.006 14
5. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 2:00.687 + 1.170 11
6. Данил Квјат Ред Бул 2:00.694 + 1.177 12
7. Кими Раиконен Ферари 2:00.785 + 1.268 9
8. Даниел Рикардо Ред Бул 2:01.008 + 1.491 12
9. Нико Розберг Мерцедес 2:01.474 + 2.682 13
10. Фелипе Маса Вилијамс 2:02.199 + 2.682 13
11. Серџо Перез Форс Индија 2:02.660 + 3.143 12
12. Роман Грожан Лотус 2:02.825 + 3.308 10
13. Пастор Малдонадо Лотус 2:02.921 + 3.404 11
14. Фернандо Алонсо Мекларен 2:03.375 + 3.858 9
15. Маркус Ериксон Заубер 2:04.399 + 4.882 13
16. Џенсон Батон Мекларен 2:05.283 + 5.766 7
17. Вил Стивенс Манор 2:05.378 + 5.861 10
18. Александар Роси Манор 2:05.607 + 6.090 10
19. Фелипе Наср Заубер 2:06.792 + 7.275 10
20. Макс Ферстапен Торо Росо 2:09.994 + 10.477 7
