Данил Квјат и Даниел Рикардо го имаа второто и трето најбрзо време, завршувајќи 0.245 и 0.337 секунди зад Розберг, на патеката која очигледно им одговара на болидите на Ред Бул. Ново-крунисаниот трикратен шампион, Луис Хамилтон, го забележа само четвртото најбрзо време, но неговите обиди за брз круг често беа спречувани од страна на гужвата на патеката.
Како и на првиот тренинг, возачите ги "учат" лимитите на патеката, па често имавме извртувања и инциденти. Најголемиот од нив го имаше водечкиот возач од утринската сесија, Холанѓанецот Макс Ферстапен, кој изгуби контрола врз својот болид веќе во почетните 5 минути и заврши во бариерите покрај патеката на излезот од 16-от свиок. Тоа беше првото црвено знаме, кое траеше седум минути.
Следниот инцидент го имаше Валтери Ботас, кој ја изгуби контролата врз својот Вилијамс под сопирање на влез во првиот свиок. Финецот имаше среќа да заврши само со оштетено предно крило по допирот со бариерите.
Првиот свиок се покажа како особено проблематичен и за Карлос Саинц ЈР., домашниот херој Серџо Перез и Пастор Малдонадо кои имаа свои моменти на овој дел од патеката.
На 28 минути до крајот на сесијата, Роман Грожан го предизвика второто црвено знаме, кога неговиот Лотус застана на тревникот при 10-от свиок, поради проблеми со кумплунгот.
Себастијан Ветел заврши со петтото најбрзо време, само 0,023 секунди зад Хамилтон, пред неговиот тимски колега од Ферари, Кими Раиконен, единствениот останат возач кој заврши со заостанување под една секунда зад Нико Розберг.
Добра сесија за дуото на Мекларен, Фернандо Алонсо со 7-мо и Џенсон Батон 8-мо најбрзо време. Батон првите 45 минути од попладневниот тренинг ги помина во својата гаража, поради проблеми при промената на Хонда ПЕ, што му донесе рекордни 50 казнени стартни места поназад за неделната трка.
Пред крајот на тренингот ги имавме првите капки на дожд, кои што придонесоа за лизгав асфалт и предвремен крај на сесија.
2015 МЕКСИКО ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:21.531 36
2. Данил Квјат Ред Бул 1:21.776 + 0.245 27
3. Даниел Рикардо Ред Бул 1:21.868 + 0.337 28
4. Луис Хамилтон Мерцедес 1:21.961 + 0.430 33
5. Себастијан Ветел Ферари 1:21.984 + 0.453 32
6. Кими Раиконен Ферари 1:22.399 + 0.868 33
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:22.721 + 1.190 28
8. Фернандо Алонсо Мекларен 1:22.993 + 1.462 36
9. Џенсон Батон Мекларен 1:23.109 + 1.578 25
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:23.289 + 1.758 32
11. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:23.290 + 1.759 34
12. Пастор Малдонадо Лотус 1:23.363 + 1.832 24
13. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:23.364 + 1.833 41
14. Фелипе Наср Заубер 1:23.430 + 1.899 39
15. Серџо Перез Форс Индија 1:23.597 + 2.066 33
16. Роман Грожан Лотус 1:23.614 + 2.083 26
17. Маркус Ериксон Заубер 1:24.533 + 3.002 34
18. Александар Роси Манор 1:25.940 + 4.409 29
19. Вил Стивенс Манор 1:26.968 + 5.437 28
20. Макс Ферстапен Торо Росо без поставено време 2
ПОД ПРОСЕК: Лотус
НАД ПРОСЕК: Ред Бул, Мекларен
* 2015 - Прва сезона

