Според Британскиот Аутоспорт, тимот на Форс Индија е блиску до комплетирање на договор со кој ќе биде ребрендиран во Астон Мартин Рејсинг веќе од следната сезона.
Со овој потег производителот на спортски автомобили би се вратил назад во Формула 1 по повеќе од половина век пауза по неговата кратка одисеја во 1959 и 1960 година. Астон Мартин сака да има присуство во Формула 1 и да се натпреварува со своите спортски ривали Мекларен и Ферари на сите полиња. Заедно со промената на името на тимот, се подразбира и промена на изгледот на болидот, кој ќе се обои во сина и златна боја како корелација со новиот спонзор Џони Вокер.
Мерцедес-Бенз, кој е сопственик на пет проценти од Астон Мартин и доставувач на Форс Индија со ПЕ, изјави дека што се однесува до нив нема да прават никакви проблеми.
Во изјавата за Аутоспорт, Виџај Малја, рече: " Ништо не е направено додека не е направено. Не ми се допаѓа да бројам кокошки, додека тие сеуште не се извеле. Ние и понатаму имаме голем број на дискусии за 2016 сезоната со нашите сегашни и нови партнери кои гледаат комерцијална вредност во врска со Форс Индија. Кога ќе дојде вистинското време ние ќе излземе со официјално соопштение."
Форс Индија ќе треба да добијат одобрение за промена на името од носителот на комерцијалните права во Формула 1, но таквата дозвола се верува дека е чиста формалност.
АСТОН МАРТИН ВЛЕГУВА ВО ФОРМУЛА 1 ШАМПИОНАТОТ?!?
10/30/2015 08:15:00 PM
0
Share to other apps

