Вистина е ова за твојот колега?!?
Фернандо Алонсо на Јапонското ГП како да ги загуби своите надежи во Мекларен-Хонда. Тој бил премногу загрижен за недостатоците во конструирањето на својот болид, што резултираше со остри критики преку тимското радио кои излегоа во јавност. Наводно по трката, Шпанецот имал долг разговор со претседателот на Мекларен, Рон Денис, на кој Шпанецот наметнал три услови за да остане во Мекларен и следната година.
Првиот од трите услови е да се отстрани Араи од главната позиција во Хонда, бидејќи тој го уништил угледот на тимот со немањето на вистинска идеја и еволуција на нивниот дел од проектот.
Второ, Алонсо барал да има целосен пристап во развојот на болидот за 2016 година и вели дека е потребен комплетно нов болид, бидејќи на овогодинешниот не може ништо повеќе да се направи.
Трето и најважно, во договорот да се вметнат две клаузули за негово ослободување. Првата, за време на пред-сезонските тест сесии, а втората ако болидот на трката во Мелбурн нема да биде спосеобен да влезе во Q3 квалификациската сесија. Фернандо Алонсо би можел да замине од Мекларен, или пак да ја напушти Формула 1.
Имајќи го ова предвид, Мекларен се соочува со долг и тежок период, или да се постигнат барањата на Шпанецот или да се справува со иднината без него.

