Берни Еклстоун е многу лут на Мерцедес. Според него, Ред Бул имал постигнато устен договор за користење на Мерцедес ПЕ, но кога требало се да се стави на хартија се повлекле во последен момент. Затоа беше и минималното прикажување на нивните болиди за време на трката во Јапонија, со цел да се покаже кој е "газда" во овој спорт.
Но, не само тоа, Ф1 супремото, ни ја откри и тајната за доминацијата на Мерцедес АМГ и зошто Луис Хамилтон така лесно го напушти Мекларен за да премине во тим кој нема шанси за нешто повеќе од неколку Победи во една сезона. Но, тој не бил така наивен, како Алонсо со Хонда, туку знаел нешто што се криеше од јавноста.
По само една сезона со заменувањето на 2.4-литарските V8-ки со 1.6-литарските V6 турбо хибридни ПЕ, Британецот доминантно го освои минатогодишниот Шампионат и пред трката во Русија има огромна предност пред својот најблизок ривал и тимски колега, Нико Розберг. Мерцедес-Бенц се толку многу задоволни со сегашната ситуација што многу порано од другите својот фокус го насочија кон развивање на ПЕ за следната 2016 година.
Причината што Мерцедес ПЕ е толку добра е едноставна, тие се 3-4 години понапред во развојот од сите останати производители, затоа што нивниот поранешен директор на тимот, Рос Браун, помогнал да се дизајнира овој тип на ПЕ за управното тело на ФИА за Формула 1.
"Проблемот е што Мерцедес, всушност, имаше голема, голема предност пред останатите тимови, бидејќи нивниот тогашен тимски шеф, Рос Браун, беше во работната група на ФИА која го развиваше овој тип на ПЕ, знаеше се за неа и во Мерцедес почнаа да работат на овој нов мотор кога никој не ни знаеше дека ќе има промена на правилата."
ФИА, во почетокот на оваа година распиша тендер за нови тимови во Формула 1, кој заврши без успех. Според Еклстоун, V6-те се главната причина за тоа, затоа што сите мислат дека не може да се направи конкурентна ПЕ за кратко време која би била на ниво со Мерцедес ПЕ, каде имаат направено страшно добра работа.
Дека тоа е така ни покажа и автомобилскиот гигант, Хонда, чија историја во мотоспортовите датира од далечната 1964 година. Јапонците се вратија оваа година во Формула 1 како производител и доставувач на ПЕ за тимот на Мекларен. Каква е нивната ситуација веќе знаете, се борат со минатогодишниот болид на Марусија во поредокот.
БЕРНИ ЕКЕЛСТОУН ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА НА УСПЕХОТ НА МЕРЦЕДЕС АМГ
10/04/2015 12:28:00 PM
0
Share to other apps

