Главни нејзини карактеристики се природните промени во елевацијата, вклучувајќи ја 40 метарската нагорнина кон првиот свиок кој е главното обележје на "Патеката на Америките". Помеѓу 20-те свиоци инкорпорирани се најсаканите и најпредизвикувачките свиоци од останатите историски Формула 1 патеки од целиот свет. Главно обележје во комплексот на оваа патека е 25-катната Кула за набљудување.
Временската прогноза за тркачкиот викенд предвидува исклучително влажно време со поројни дождови. За во сабота е издадено предупредување од поплави за градот Остин, додека утре, петок условите треба да се малку подобри. Најдобра прогноза имаме за недела, но ризикот од врнежи од дожд ќе остане за трката. Ваквата прогноза може да влијае врз тоа како тимовите ќе пријдат кон утрешните тренинг сесии, кога би можело да видиме многу малку акција на патеката. Петочните сесии би можело да бидат жртвувани за да се зачуваат интермедиа и гумите за влажно време за самата трка. Што се однесува до саботата, ако имаме поројни врнежи, исто така не очекува многу малку активности и многу црвени знамиња!!!
Борбата кај конструкторите е решена, Мерцедес АМГ на минатата трка ја осигура Шампинската Титула. Во генералниот пласман на возачи, иако минимални, Себастијан Ветел има теоретски шанси за да му ја украде титулата на Луис Хамилтон. Кои се комбинации се во игра ги имате сликовито на приложената фотографија.
Временскиот распоред го имате на насловната фотка на нашата ФБ страна, многумина се збунети зошто трката стартува во 20:00 часот, а на официјалниот сајт на Формула 1 пишува 21:00 MK. ТОА Е ТАКА ЗАТОА ШТО СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ САБОТА СПРЕМА НЕДЕЛА СЕ ВРАЌААТ ЗА ЕДЕН ЧАС ПОНАЗАД!!!
2014 САД ГП
ПОТСЕТНИК НА ТРКАТА ОД МИНАТАТА СЕЗОНА


