Рено им стави на располагање на Ред Бул и Торо Росо надградени ПЕ, но тешко да бидат употребени од нивна страна, бидејќи немало да донесат некоја поголема предност од 0.1 секунда. Заубер и Манор се надеваат на добар викенд. Швајцарскиот тим ќе ја прослави својата јубилејна 400 трка, додека во тимот на Манор се враќа Александар Роси, кој стана првиот Американец кој се натпреварува на домашен терен од 2007 година.
Прогнозата за остатокот од викендот останува подеднакво непредвидлива со многу периоди на дожд. Тимовите на почетокот ги испробаа гумите за влажно, за по кратко време да се продолжи на интермедиа гумите на Пирели. За време на оваа сесија имавме промена на само еден возач, и тоа во тимот на Заубер, каде Рафаеле Марчело го замени Фелипе Наср. Бразилецот се враќа зад воланот на својот болид за вториот тренинг.
Повеќето возачи се навикнуваат на променливото време и асфалтот кој на некои места се исуши, но на одредени делови имаше вода, па беше ризично да се пробаат на слик гумите. Од возачите кои имаа потенцијален проблем беше Раиконен, на кого му беше пренесено дека се можни проблеми со сопирачките и беше повикан назад во својата гаража. Тој и Пастор Малдонадо не се вратија до крајот на првиот тренинг. Венецуеланецот имаше проблеми со менувачот на својот болид.
Првиот тренинг најави дека не треба да очекуваме ништо ново и од оваа трка, а дополнителната потврда ја оќекуваме за време на вториот тренинг кој започнува во 21:00 часот по македонско време.
2015 САД ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:53.989 7
2. Данил Квјат Ред Бул 1:55.224 + 1.235 6
3. Даниел Рикардо Ред Бул 1:55.592 + 1.603 10
4. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:55.667 + 1.678 8
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:55.693 + 1.704 4
6. Себастијан Ветел Ферари 1:55.710 + 1.721 10
7. Макс Ферстапен Торо Росо 1:55.969 + 1.980 7
8. Кими Раиконен Ферари 1:56.326 + 2.337 10
9. Фернандо Алонсо Мекларен 1:56.839 + 2.850 18
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:56.866 + 2.877 15
11. Серџо Перез Форс Индија 1:57.081 + 3.092 13
12. Џенсон Батон Мекларен 1:57.139 + 3.150 4
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:57.495 + 3.506 20
14. Валтери Ботас Вилијамс 1:57.518 + 3.529 4
15. Роман Грожјан Лотус 1:58.319 + 4.330 10
16. Рафаеле Марчело Заубер 1:59.431 + 5.442 19
17. Маркус Ериксон Заубер 1:59.743 + 5.754 18
18. Александар Роси Манор 2:01.154 + 7.165 11
19. Пастор Малдонадо Лотус 2:01.907 + 7.918 13
20. Вил Стивенс Манор без поставено време 1
ПОД ПРОСЕК: /
НАД ПРОСЕК: /
* 2014: 1. Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:39.941

