По драматичната трка за Големата Награда на САД од минатата недела, во која Луис Хамилтон, пуленот на Мерцедес АМГ ја осигура својата 3-та Шампионска Титула во ултимативниот мотоспорт, овој викенд Формула 1 светот е во исчекување на уште еден подеднакво возбудлив настан, седумнаесеттото гран при од 2015 календарот, Големата Награда на Мексико.
Новата инкарнација на трката, прва по 23 години, ќе се одвива на светски познатиот автодром Херманос Родригез. Оваа патека беше домаќин на сите трки во Мексико и во минатото беше сцена на некои од најдраматичните Ф1 моменти, од кога Џон Сартис ја освои Титулата во последната рунда од 1964 сезоната, до херојското претекнување на Најџел Менсел во последниот свиок на Герхард Бергер во 1990 сезоната.
Мексико пред овој кам-бек бил домаќин на Ф1 Шампионатот во два наврати во период од 1963-1970 и 1986-1992 година. Мексиканците се горди на брилијантните браќа Родригез, Моисес Солана, Хектор Ребак, до современите достигнувања на Естебан Гутиерес и Серџо Перез, мексиканскиот возачи кои гиврежало своите имиња во историјата на спортот.
Историскиот ден за Мексико беше во 1962 година кога Гран При трките имаа "проба", за да веќе следната сезона се одржи Големата Награда на Мексико. Време кога Хуан Мануел Фанџо беше во залез на кариерата, но новата ѕвезда беше во подем, која ги надмина неговите постигнувања, а тоа беше Џим Кларк.
Новиот изглед на реновираната патека, Херманос Родригез, нема ништо заедничко со стариот изглед, но се очекува да се докаже како возбудлив предизвик за возачите и тежок тест за инженерите, кои ќе пристигнат со малку информации за тоа како ќе се однесуваат болидите на новата асфалтна површина и реткиот воздух на градот кој е на 2.250м. надморска височина.
Новата патека задржува голем дел од ДНК-та на оригиналот, преку брзиот прв сектор и исто така брзиот и течен средишен дел, каде брзите промени на насоката ќе стават акцент на добрата аеродинамична ефикасност и баланс на болидот. Финалниот сектор е трансформиран во технички сложен дел, кој треба да обезбеди возбудливи моменти за Ф1 фановите на патеката и пред ТВ екраните.
Како што напоменавме Луис Хамилтон ја заврши својата работа за трета шампионска титула во Остин, па сега останува да се насочиме кон борбата за второто место во шампионатот помеѓу возачот на Ферари, Себастијан Ветел кој има минимални четири бода предност во однос на Нико Розберг, од тимот на Мерцедес АМГ.
ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА МЕКСИКО
10/29/2015 11:15:00 AM
0
Share to other apps

