Ништо ново и на почетокот на Големата Награда на Мексико, дождот е присутен и на патеката Браќа Родригез, секако не во таа количина како минатиот викенд во Остин. На почетокот на првиот тренинг површината на патеката беше малку влажна, со температура на воздухот од 18 степени целзиусови.
Патеката е нова и комплетна непознаница за Ф1 тимовите, па затоа веднаш започнаа да работат со полна пареа на сет-апот на болидите, првично на интермедиа гумите, кои беа користени до првиот половина час од сесијата.
Потоа се се врати во нормала со користење на гумите за суво време и вртење на кругови. Најголемиот проблем беше со прегревањето на сопирачките, најсликовито изразено на болидот на Нико Розберг, каде задните тркала беа во пламен. Веднаш беше предупреден и неговиот тимски колега. Тоа е една од најголемите причини што Мерцедесите не беа на првите две позиции.
Вториот тренинг започнува во 21 часот по македонско време.
2015 МЕКСИКО ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Макс Ферстапен Торо Росо 1:25.990 15
2. Данил Квјат Ред Бул 1:26.295 + 0.305 38
3. Кими Раиконен Ферари 1:26.295 + 0.305 27
4. Себастијан Ветел Ферари 1:26.886 + 0.896 36
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:27.185 + 1.195 31
6. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:27.196 + 1.206 28
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:27.303 + 1.315 26
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:27.410 + 1.420 37
9. Серџо Перез Форс Индија 1:27.581 + 1.591 19
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:27.695 + 1.705 24
11. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:27.723 + 1.733 27
12. Маркус Ериксон Заубер 1:28.498 + 2.508 27
13. Пастор Малдонадо Лотус 1:28.559 + 2.569 30
14. Фелипа Наср Заубер 1:28.579 + 2.589 25
15. Џолион Палмер Лотус 1:28.711 + 2.721 24
16. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:29.099 + 3.109 16
17. Фернандо Алонсо Мекларен 1:30.072 + 4.082 17
18. Александар Роси Манор 1:30.619 + 4.629 23
19. Џенсон Батон Мекларен 1:32.091 + 6.101 9
20. Вил Стивенс Манор 1:32.886 + 6.876 11
ПОД ПРОСЕК: Мекларен
НАД ПРОСЕК: Торо Росо, Ред Бул
* 2015 - Прва сезона

