Како што започна оваа сезона, така и полека се ближи до својот крај со тотална доминација на болидите на Мерцедес АМГ. Луис Хамилтон беше најбрз на првиот слободен тренинг за Големата Награда на Абу Даби, која се одржува на патеката Јас Марина. Нико Розберг, неговиот тимски колега го имаше второто најбрзо време, многу далеку пред останатите болиди.
Исто како и завршетокот на минатата сезона, кој ја најави уште поголемата доминација на Сребрените стрели за оваа година. Нека не се навредат фановите на Мерцедес АМГ, ама не дај боже да имаме ист развој на настаните и следната 2016 сезона!!!
Најголемото прашање е дали Ферари е моќен да ги реализира своите најави за силна 2016 сезона? Според оваа утринска сесија, не не убедија дека се кадарни да ја исполнат таа цел. Кими Раиконен беше најблискиот конкурент, но со големо заостанување од 0,746 секунди зад најбрзото време.
Првиот слободен тренинг, кој протече во мирна атмосфера и помалку акција од вообичаеното, бидејќи повеќето возачи го чекаат вториот тренинг кој се одржува во време кога ќе се вози неделната трка, т.е. 14:00 MK.
Џолион Палмер го замени Роман Грожан во неговиот Лотус, додека во тимот на Манор за последната трка во возачкото седиште се враќа Роберто Мери, кој никако да го победи својот тимски колега.
Како и секогаш на стартот од тркачкиот викенд, патеката беше лизгава и правлива, а ќе се чисти како одминува викендот. Болидите на Мекларен се подобруваат со користење на деловите за следната сезона, но сесијата за нив заврши со сега познатите зборови на Фернандо: Ја загубив моќта на ПЕ!!!
2015 АБУ ДАБИ ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:43.754 28
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:43.895 + 0.141 36
3. Кими Раиконен Ферари 1:44.500 + 0.746 27
4. Данил Квјат Ред Бул 1:44.702 + 0.948 27
5. Себастијан Ветел Ферари 1:44.742 + 0.988 38
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:44.751 + 0.997 25
7. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:44.893 + 1.139 20
8. Серџо Перез Форс Индија 1:44.934 + 1.180 25
9. Пастор Малдонадо Лотус 1:45.314 + 1.560 33
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:45.433 + 1.679 31
11. Валтери Ботас Вилијамс 1:45.603 + 1.849 38
12. Макс Ферстапен Торо Росо 1:45.718 + 1.964 33
13. Џенсон Батон Мекларен 1:45.773 + 2.019 28
14. Фернандо Алонсо Мекларен 1:45.865 + 2.111 29
15. Фелипе Наср Заубер 1:46.115 + 2.361 32
16. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:46.220 + 2.466 29
17. Маркус Ериксон Заубер 1:46.407 + 2.653 24
18. Џолион Палмер Лотус 1:47.552 + 2.747 23
19. Вил Стивенс Манор 1:48.836 + 5.082 34
20. Роберто Мери Манор 1:49.888 + 6.134 23
ПОД ПРОСЕК: Заубер
НАД ПРОСЕК: Лотус, Форс Индија
* 2014 - Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:43.476
Фернандо Алонсо - I lost power!!!