Со својата футуристичка архитектура и тркање на зајдисонце, Абу Даби ГП личи на трка од иднината. Со просечна брзина од речиси 200км/ч , патеката се состои од "улична" секција, пристанишен дел и сектор каде се вози со голема брзина. На средината на патеката е Jас Марина хотелот, архитектонско чудо, камелеон кој ја менува својата боја. Подземниот излез од боксовите е тесен и лизгав, и лесно може да предизвика застој.
Патеката се одликува со најдолгиот рамен дел во Ф1 календарот, каде се развиваат брзини над 330 км/ч пред наглото сопирање за лево-десната шикана. Тоа е местото каде ќе се случат повеќето претекнувања на трката. Објектите се извонредни, а тимовите и нивните гости имаат огромни простории на располагање. Себастијан Ветел тука ја освои својата прва Титула Светски Шампион во 2010 година.
Свиок 7
Овој свиок е најспор на патеката. Моторното кочење треба да биде особено ефективно за болидот да има стабилност при влезот, и подеднакво добро реагирање на педалата од гаста при излезот кој води кон најдолгиот правец. И најмалата грешка ќе доведе до значителна загуба на време.
Правецот помеѓу свиоците 7 и 8
Околу 55% од патеката се поминува со полн гас, со просечна брзина од околу 200км/ч , слично на патеката во Монтреал. Најдолгиот правец во сезоната има 1.200 метри помеѓу свиоците 7 и 8. Болидите ќе бидат со полн гас околу 14 секунди, достигнувајќи брзина од над 330км/ч . Калибрацијата на брзините е од суштинско значење, последниот степен на пренос мора да биде поставен релативно високо за да се овозможи конкурентност на крајот од правецот со активен ДРС. Сепак, свиоците во третиот сектор бараат брзините да бидат блиску распоредени за да се постигнат потребните кратки рафални забрзувања помеѓу острите свиоци, така да инженерите ќе бидат принудени да го направат вистинскиот избор на соодносот на менувачот.
Свиок 21
Во третиот дел на патеката од свиокот 11 па се до финалниот свиок со број 21 доминираат главно десни свиоци кои се земаат во втор или трет степен на пренос. Свиокот 21 е добар пример на еден типичен свиок во овој сектор. Просечната брзина е ниска, само 160км/ч, а управливоста на болидот треба да е на највисоко ниво, бидејќи десетинки од секунда може да се добијат ако тој е "прикован" на патеката во овие бавни свиоци.
Она што сите го очекуваме е борбата за шампионската титула!!! Чекајте малку, тоа е кога би имале интересна сезона позади нас, како би било, кога би било...
Сите ние посакувавме ова да беше вистина, да гледаме борба за Титулите се до последната трка од сезоната. Кога го немаме тоа задоволство, ќе мора да се задоволиме со некои минорни занимации, како кој од двајцата Финци ќе се најде на 4-тото место во генералниот пласман на возачи, (најверојатно и на Ботас и на Раиконен баш му е гајле за тоа 4-то место!!!), дали Ред Бул конечно ќе објави чија ПЕ ќе користи за следната 2016 сезона, дали Рено се враќа во Формула 1 Шампионатот како фабрички тим, се некои споредни теми. Временскиот распоред за тркачкиот викенд го имате на нашата ФБ страница или пак на блогот.
ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АБУ ДАБИ
11/26/2015 01:17:00 PM
0
Share to other apps