Даниел Рикардо во блиска борба стигна до петтата позиција, пред своите ривали Валтери Ботас, Нико Хулкенберг и Фелипе Маса. Данил Квјат беше само за две десетинки побавен од својот тимски колега, но тоабеше доволно за деветтата позицја, пред Карлос Саинц ЈР, кој беше единствениот Торо Росо во топ 10 пласман.
Најголем малер или поточно вообичаена работа за Ферари, никако да успеат да бидат 100% сигурни во претпоставките за времето кое е потребно да се помине Q1 сесијата. Неколку пати му го направија тоа на Раиконен, но сега на ред беше Себастијан Ветел. Од готово, направија вересија и Германецот утрешната трка ќе ја стартува од 16-тата позиција.
Исто така, тешки квалифкаци и за тимо на Лотус, кога се нема пари за делови, болидот не може да биде доведен во ред, па така, Пастор Малдонадо беше само 13-ти, додека неговиот тимски колега Роман Грожан не беше во можност да забележи време во Q2 сесијата по техничките проблеми со неговиот болид. Се ова на патека каде Мерцедес Бенц ПЕ требаше да им обезбеди лесен пласман во најбрзите 10 болиди.
Лош пласман и за двократниот Ф1 Шампион, Фернандо Алонсо, кој никако да има среќа со болидот на Мекларен. Кога нема да откаже ПЕ на Хонда, тогаш тука се гумите на Пирели. Поради дупната лева задна гума не беше во можност да ја помине Q1 сесијата.
Вил Стивенс, за разлика од Александар Роси, со вториот свој тимски колега, Роберто Мери, нема никакви проблеми и редовно ги завршува квалификациите со подобро време.
Трката за Големата Награда на Абу Даби започнува во 14:00 часот по македонско време.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АБУ ДАБИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес 1:40.237
2. Луис Хамилтон Мерцедес 1:40.614 + 0.377
3. Кими Раиконен Ферари 1:41.051 + 0.814
4. Серџо Перез Форс Индија 1:41.184 + 0.947
5. Даниел Рикардо Ред Бул 1:41.444 + 1.207
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:41.656 + 1.419
7. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:41.686 + 1.449
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:41.759 + 1.522
9. Данил Квјат Ред Бул 1:41.933 + 1.696
10. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:42.708 + 2.471
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:40.758
11. Макс ферстапен Торо Росо 1:42.521 + 0.284
12. Џенсон Батон Мекларен 1:42.668 + 2.431
13. Пастор Малдонадо Лотус 1:42.807 + 2.570
14. Фелипе Наср Заубер 1:43.614 + 3.377
15. Роман Грожан Лотус без поставено време
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:40.974
16. Себастијан Ветел Ферари 1:42.941 + 2.704
17. Фернандо Алонсо Мекларен 1:43.187 + 2.950
18. Маркус Ериксон Заубер 1:43.838 + 3.601
19. Вил Стивенс Манор 1:46.297 + 6.060
20. Роберто Мери Манор 1:47.434 + 7.197
107% време: 1:48.042