Водството го имаше уште по првиот свиок, искористувајќи го стартот од Пол позицијата. Нико Розберг во секој момент од трката имаше контрола врз ситуацијата и при првиот стинт на употребени супер-меки гуми тој направи предност од речиси пет секунди пред Хамилтон на второто место. Британецот немаше баш најдобар старт, па во еден момент мораше да одговори на нападите од Раиконен и Серџо Перез, но тоа траеше кратко и многу набргу го "зацементира" второто место. Перез ја задржа неговата почетна позиција пред тимскиот колега Нико Хулкенберг и Даниел Рикардо од Ред Бул.
На крајот на гридот имавме борба за напредок на Себастијан Ветел, кој до крајот на првиот круг успеа од 15-тата позиција до се искачи само до 12-тото место, и покрај контакт со Макс Ферстапен. Исто тала, мораше да избегнува судир при првиот свиок, во моментите кога Алонсо се префорсира и заврши во болидот на Пастор Малдонадо, кога подебелиот крај го извлече Венецуелецот. Ветел ја започна трката на меките гуми, што во еден момент го доведе до второто место, бидејќи сите стартери на супер-меки гуми, мораа рано по промена на своите гуми. Розберг влезе во бокс во 9-от, додека Хамилтон еден круг подоцна.
Нико Розберг, на почетокот на вториот стинт, повторно успева да создаде разлика од околу 7 секунди пред Хамилтон, која се намалуваше како што одминуваше времето за втор влез во боксевите. Германецот имаше поголеми проблеми со абењето на гумите од својот тимски колега, и се реши да ги посети своите механичари во 31-от круг. Хамилтон тогаш се реши да го продолжи својот престој на патеката, како би дошло до промена на позициите.
Нико со нови меки гуми, започна да ја намалува разликата до Хамилтон, водечкиот во тој момент, во обид да покрие негова одлука да се префрли на значително побрзите супер-меки гуми за својот последен престој. Тој успеа добро да ги изменаџира своите гуми и ги имаше работите под контрола со намалена разлика до својот тимски колега на 10 секунди со 15 круга до крајот.
Заканата од Хамилтон на супер-меки гуми, сепак никогаш не се случи, и кога Британецот ја имаше својата последна посета на своите механичари повторно се врати на патеката на меки гуми. Во тој момент од трката тој имаше заостанување од 12 секунди зад својот тимски колега. Се обиде да форсира, но Розберг имаше перфектна контрола над ситуацијата и на крајот од трката заврши со предност од 8.2 секунди, забележувајќи ја шестата Победа во оваа 2015 сезона и трета последователна.
Зад нив Кими Раиконен имаше мирна трка за третото место, завршувајќи пред својот тимски колега, Себастијан Ветел, кој имаше голем напредок по стартот од 15-тата позиција. Првиот стинт на меки гуми на Германецот траеше 24 круга, за да следува уште еден на меки, за да на 15 круга до крајот се префрли на побрзите супер -меки гуми. Одличното тркачко темпо на болидот на Ферари, му овозможи да стигне до четвртото место, претекнувајќи ги Рикиардо и Перез во завршните фази.
Серџо Перез ја искористи добрата форма на Форс Индија да стигне до петтото место пред Рикиардо, Хулкенберг, и Фелипе Маса. Роман Грожан, во неговата последна трка за Лотус, со стратегија од три застанувања во бокс успеа да заврши на деветтото место, пред Данил Квјат со Ред Бул. Болидите на Торо Росо не беа во форма, како ни нивните маханичари, па нивната работа и заработените казни не можеа да влезат во топ 10 пласманот. Карлос Саинц ЈР заврши на 11-тото место, пред тимскиот колега Ферстапен.
Џенсон Батон заврши на 13-тото место за Мекларен, пред Валтери Ботас, кој се судри со Британецот во боксевите и беше казнет со дополнително поминување низ боксевите. Маркус Ериксон го победи својот тимски колега, Фелипе Наср, за 15-тото место, додека Фернандо Алонсо беше 17-ти. Вил Стивенс трката ја заврши пред својот тимски колега Роберто Мери за 18-тото место.
Голема Награда на Абу Даби, Јас Марина, Абу Даби
55 круга, 305.470км., Време: Суво.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч38:30.175
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 8.271
3. Кими Раиконен Ферари + 19.430
4. Себастијан Ветел Ферари + 43.735
5. Серџо Перез Форс Индија + 1:03.952
6. Даниел Рикиардо Ред Бул + 1:05.010
7. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:33.618
8. Фелипе Маса Вилијамс + 1:37.751
9. Роман Грожан Лотус + 1:38.201
10. Данил Квјат Ред Бул + 1:42.371
11. Карлос Саинц ЈР Торо Росо + 1:43.525
12. Макс Ферстапен Торо росо + 1 круг
13. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
14. Валтери Ботас Вилијамс + 1 круг
15. МаркусЕриксон Заубер + 1 круг
16. Фелипе Наср Заубер + 1 круг
17. Фернандо Алонсо Мекларен + 2 круга
18. Вил Стивенс Манор + 2 круга
19. Роберто Мери Манор + 3 круга
2014. Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч30:02.555
НАЈБРЗ КРУГ: Луис Хамилтон - 1:44.517
БЕЗ ПЛАСМАН:
Пастор Малдонадо Лотус 1
Конечен Генерален пласман:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 381 1. Мерцедес АМГ 703
2. Нико Розберг 322 2. Ферари 428
3. Себастијан Ветел 278 3. Вилијамс 257
4. Кими Раиконен 150 4. Ред Бул 187
5. Валтери Ботас 136 5. Форс Индија 136
6. Фелипе Маса 121 6. Лотус 78
7. Дањил Квјат 95 7. Торо Росо 67
8. Даниел Рикиардо 92 8. Заубер 36
9. Серџо Перез 78 9. Мекларен 27
10. Нико Хулкенберг 58 10. Манор 0
11. Роман Грожан 51
12. Макс Ферстапен 49
13. Фелипе Наср 27
14. Пастор Малдонадо 26
15. Карлос Саинц ЈР. 18
16. Џенсон Батон 16
17. Фернандо Алонсо 11
18. Маркус Ериксон 9
19. Роберто Мери 0
20. Александар Роси 0
21. Вил Сивенс 0
22. Кевин Магнусен /