


Во пустинските предели на Дубаи, Ив Роси, пилот на Jetman Dubai ја имаше првата своја невообичаена трка, кога се обиде да го победи Мартин Брандл, поранешен Ф1 возач и познат ТВ коментатор, кој седна зад управувачот на најновиот модел на Јагуар.
Брандл, кој возеше во Формула 1 заедно со Михаел Шумахер, а сега е коментатор за SKY F1, го имаше на располагање новиот 5.0 литарски, V8 Supercharged Jaguar XJR 550PS, целосно направен од алуминиум, додека Роси беше врзан за неговите 2 метарски фиксни крила, придвижувани со четири Jet-Cat компресори.
Целта на оваа трка беше да се презентира иновативниот систем за контрола на движењето на автомобилот на сите површини - ASPC (All Surface Progress Control). Овој хај-тек систем автоматски ја ограничува загубата на тракцијата на задните тркала на автомобилот, при мали брзини и на лизгави површини, максимизирајќи го грипот во екстремни услови на возење.





