Пирели изјави дека следните две смеши мора да се користат во одреден момент од трката: Еден комплет гуми од Белата медиум смеша и Еден комплет од Жолтата мека смеша.
Секој возач мора да има по еден комплет од овие смеши достапен за трката, и мора да искористи најмалку еден од нив.
Задолжителен еден комплет за Q3 сесијата во квалификациите се Црвените супер-меки гуми на Пирели.
Како резултат на измените на прописите за 2016 година, секој возач мора да зачува еден комплет од најмеката смеша од трите номинирани за Q3 сесијата.
Најбрзите десет возачи овој комплет ќе треба да го вратат на инженерите од Пирели по завршување на Q3 сесијата, додека останатите возачи ќе може да го зачуваат за трката, исто како и досега.
Ф1 тимовите имаат слобода самостојно да ги изберат останатите 10 комплети, со што се покрива дозволениот број на 13 дозволени комплети за целиот тркачки викенд.
П.С.
Номинациите доаѓаат толку рано пред почетокот на 2016 сезоната поради тоа што Ф1 тимовите мора да ја информираат ФИА за нивниот избор 8 недели пред стартот на секоја трка во Европа и 14 недели пред старт на секоја трка надвор од Европа. Овие рокови се последица на поголемото потребно време за Пирели да ги произведе и испорача потенцијално големиот број на различни комбинации на гуми.
Рокот за Австрлиското Гран При е следниот петок, 18 Декември 2015 година. Болидите за 2016 година светлото на денот ќе го видат во Барселона во Февруари, така што изборот на гуми за првите трки ќе биде според податоците од претходните години, но со доза на одреден ризик при нивниот избор поради малите промени во дизајнот и конструкцијата за новата сезона.
17.12.2015 - Пирели, официјалниот добавувач на гуми за Ф1 Шампионатот, објави дека и за наредните две трки по Австралиското Гран При ќе бидат користени истите смеши: Белата медиум, Жолтата мека и Црвената супер-мека;
ОБНОВЕНО: 14.01.2016 Пирели ги објави и смешите кои ќе се користат на патеката Сочи на Руското Гран При. Изборот е идентичен како и кај претходните три трки!!!
ФИА ќе го открие изборот на Ф1 тимовите две недели пред почетокот на секое Гран При!!!
ДОСЕГАШНИ НОМИНАЦИИ НА ПИРЕЛИ ЗА 2016 СЕЗОНАТА
ПАТЕКА | ВИОЛЕТОВИ | ЦРВЕНИ | ЖОЛТИ | БЕЛИ | ПОРТОКАЛОВИ |
АВСТРАЛИЈА | СУПЕР-МЕКИ | МЕКИ | МЕДИУМ | ||
БАХРЕИН | СУПЕР-МЕКИ | МЕКИ | МЕДИУМ | ||
КИНА | СУПЕР-МЕКИ | МЕКИ | МЕДИУМ | ||
РУСИЈА | СУПЕР-МЕКИ | МЕКИ | МЕДИУМ |