ЈАГУАР СЕ ВРАЌА НА ТРКАЧКИТЕ ПАТЕКИ
12/15/2015 01:55:00 PM
0
Јагуар денеска го објави своето враќање кон глобалната мотоспортот заедница. Од есента на 2016 година, ќе влезат како фабрички тим во третата сезона од Формула Е шампионатот. Формула Е е првиот глобален едносед шампионат за болиди на електричен погон.
Формула Е се планира да биде уникатна можност за овој производител за развојот на идните електрични мотори и единици за складирање на енергијата. Влезот на овој за нив непознат терен ќе биде помогнат од одделот за напредно инженерство на Вилијамс, кој има широко познавање од овој мотоспорт, во комбинација со електро моторите со високи перформанси.
Лиценцата за тимот е доделена од страна на Формула Е менаџментот и одобрена од страна на ФИА. Повеќе детали за враќањето на Јагуар, вклучувајќи ја промоцијата на тимот, возачите и нивните спонзори ќе бидат објавени во периодот до почетокот на третата сезона.
Share to other apps