"Се беше како еден нормален ден на тестирање", искоментира Финецот на крајот на сесијата. "Мислам дека е премногу рано да се каже нешто повеќе за овие прототип гуми, но тоа беше многу корисен ден, затоа што сите работевме под исти услови. По подолго време, повторно сме зад воланот, па дури и ако тоа беше само еден ден, секогаш постои нешто што може да се научи."
Утре, на вториот и последен тест ден во 2015 болидот на Ферари ќе седне Себастијан Ветел. Сесијата започнува во 09:30 часот.


