Тројцата, кои беа единствените возачи на асфалтот, возеа стинтови од по десет круга, за да се оценат новите прототип дизајни на гумите за влажно време. Секој од возачите требаше да ја исполни програмата од 10 излегувања на патеката, што на возачот на Мекларен не му успеа, бидејќи МП4-30 застана на патеката при крајопт на сесијата. Пред секое излегување на болид на патеката, асфалтот беше наводенет со прскалки слични на тие што се користат за автоматско наводнување на зелени тревнати површини. Температурата од само 10-тина степени целзиусови не беше идеална за оваа сезија. Секако, ФИА се погрижи тимовите да не добијат никаква предност за тестирање на компоненти за нивните 2016 болиди.
Вториот и последен тест ден започнува утре во 09:30 часот. Себастијан Ветел ќе го преземе 2015 болидот на Ферари од Кими Раиконен, додека Данил Квјат ќе го замени Рикардо во Ред Бул. Во Мекларен Вандорн ќе го вози и вториот ден од сесијата за тимот на Мекларен.
2016 ПОЛ РИКАРД ТЕСТ СЕСИЈА ЗА ПИРЕЛИ
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:08.715 | / | 99 |
2. | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:09.131 | + 0.418 | 87 |
3. | Кими Раиконен | Ферари | 1:09.637 | + 0.924 | 99 |