Тест програмата на Мекларен започна со старата болка, за која се надеваме дека оваа година нема да се повтори, МП4-30 не издржа многу време на патеката без да се расипе. Сепак, Вандорн успеа да комплетира 127 круга до крајот на денот. За разлика од вчера, кога се комплетираа 266 круга, денес Пирели доби податоци од 373 круга на 3.8 километарската патека во Франција.
Ова беше мало загревање пред она вистинското што следува, па нашето внимание сега го насочуваме кон официјалните предсезонските Ф1 тестови, кои започуваат при крајот на следниот месец, каде што ќе ги видиме сите 11 тимови со нивните 2016 болиди. Забавата стартува на 22 Февруари на патеката Каталуња, патека на која ќе се одвиваат и двете тест сесии во времетраење од 8 дена.
2016 ПОЛ РИКАРД ТЕСТ СЕСИЈА ЗА ПИРЕЛИ
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:06.750 | / | 134 |
2. | Данил Квјат | Ред Бул | 1:06.833 | + 0.083 | 115 |
3. | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:07.758 | + 1.008 | 127 |