На вториот тренинг, Нико Розберг го имаше најголемиот инцидент, кога изгуби контрола врз болидот и удри во заштитниот ѕид. Штетата не е голема, но тоа го спречи да излезе на патеката во понатамошниот дел од тренингот. Како претпазливост била заменета и амортизација и елементи од предната лева страна на неговиот болид.
За разлика од него Луис Хамилтон смирено и без поголеми ризици извозе неколку круга во негов стил, забележувајќи ги најбрзите времиња и на двете тренинг сесии.
Луис Хамилтон: "Тоа беше добар ден. Болидот се однесуваше добро, па и покрај тоа што не се забележаа поголем број на кругови, имавме доста конструктивни сесии. Имав среќа да извозам неколку суви круга, за да го почувствувам балансот на болидот, кој е тука некаде во рамките на посакуваното, што е резултат на добрата работа на нашите инженери и механичари."
"Општо земено, јас сум многу возбуден што сезоната започнува и ќе се вратам во болидот. Кога седев во гаражата, се чувствував како дете кое чека да се отвори неговиот Божиќен подарок. Се надеваме дека утре ќе имаме сува патека, за да можеме да комплетираме повеќе кругови и да им возвратиме на фановите кои му пркосеа на денешното време."
Возач
|
Шасија
|
Т 1
|
Т 2
| ||||
Луис хамилтон
|
F1 W07 Hybrid/01
|
14 круга
|
1:29.725
|
П1
|
7 круга
|
1:38.841
|
П1
|
Нико Розберг
|
F1 W07 Hybrid/03
|
11 круга
|
1:31.814
|
П6
|
4 Круга
|
1:47.356
|
П15
|
Време
|
Врнежи од дожд
| |
Температури
|
Воздух: 16 – 19°C
|
Патека: 18 – 28°C
|

