На првиот тренинг од новата Формула 1 сезона немаше многу одговори. Временска прогноза се покажа како точна и денот започна со облачно небо, врнежи од дожд и силни ветрови. Затоа возачите на Ферари настојуваа да извозат без непотребни ризици на патеката. Кими Раиконен комплетираше десет круга, со 17-то најбрзо време. Тимскиот колега Себастијан Ветел извозе осум круга, но не постави вистинско време. Најбрз беше Луис Хамилтон, со болидот на Мерцедес АМГ, по што следуваше дуото на Ред Бул со Данил Квјат и Даниел Рикиардо.
Повремен дожд и силни налети на ветер, исто така, имаа влијание и на вториот слободен тренинг во Мелбурн, градот домаќин на првото трка од сезоната. На полу-постојаната патека во рамките на паркот Алберт, лошите временски услови не дозволија многу акција. Двајцата возачи на Ферари имаа само по седум круга на медиум гумите. Кими искористи нов сет за да го забележи третото најдобро време, додека Себастијан Ветел беше на стари гуми, завршувајќи осми. Уште еднаш, Луис Хамилтон беше на врвот, пред Нико Хулкенберг со Форс Индија.
Кими Раиконен: "Временските услови ја направија патеката многу незгодна за сите возачи, па, за жал, ние не можевме да комплетираме повеќе кругови. Штета што не можевме да возиме во соодветни услови, за сите гледачи и за сите нас, но ние не можеме да ги промениме временските услови. Болидот е истиот што го имавме на тест сесиите, но за прв пат го возевме со гумите за влажно време и се чини дек се ќе биде во ред"
"Ајде да видиме какво ќе биде времето утре, се надевам дека ќе можеме да добиеме сува патека, за да го подесиме болидот правилно и да си влеземе во тркачкиот викенд подготвени. Утре за прв пат ќе го испробаме новиот квалификациски формат, па ние треба да видиме како тоа ќе изгледа и може да имаме поголема гужва на патеката. Се надевам дека ќе погодиме се како што треба."
Себастијан Ветел: "Сонцето излезе по тренинзите, но претходно врнеше од време на време, што беше доволно за да се навлажни патеката или делови од неа. Сигурно е дека овие услови не се идеални, но на крајотшто можеме да направиме ние? Тоа е исто за секого. Сепак, јас не мислам дека денот беше целосно изгубен. Добро е што барем комплетиравме неколку кругови, колку да се почувствува болидот, но во однос на негова подготовка за трката, немаше што да се научи."
| РАИКОНЕН | шасија 317 | ВЕТЕЛ | шасија 314 | |||
| Прв Тренинг | П17 | 1:40.754 | 10 круга | П21 | - | 8 круга |
| Време: Воздух 17 °C, Асфалт 18/21 °C. Дожд | ||||||
| Втор тренинг | П3 | 1:39.486 | 7 круга | П8 | 1:40.761 | 7 круга |
| Време: Воздух 17/18 °C, Асфалт 18/19 °C. Дожд | ||||||

