Ништо ново во распоредот на силите, но како главна карактеристика го имаме тоталното промашување на новиот квалификациски систем, за кој веднаш по завршување на Квалификациите имаме огромна реакција на социјалните мрежи и медиуми. Најверојатно веќе се размислува за враќање на стариот формат!!!
Сите сакавме да веруваме дека Ферари се доближија до Мерцедес АМГ, но за жал овие Квалификации ни покажуваат дека нашата прогнозирана разлика од половина секунда по завршените тест сесии е вистинска и реална. Исто така, прогнозите кои велеа дека и старата нивна ПЕ во болидите на Торо Росо ќе се покаже како одлична се остварија. Тие се најпријатното изненадување со Верстапен на 5-тата и Саинц ЈР. на 7-та стартна позиција. Пред нив се само Мерцедес и Ферари, што е одлично достигнување.
Очекувавме многу повеќе од Вилијамс и Форс Индија, но тие потфрлија на денешните квалификации. Дали тоа беше до новиот квалификациски формат или чисто толку им беше силата ќе видиме на утрешната трка. Како што се очекуваше Мекларен стигнаа до нивото на сигурен влез во Q2 сесијата, но дека таму ќе се борат со Хаас и Манор не се покажа како точно.
Мекларен заостануваат по топ брзина, но не толку колку како минатата година. Се зборуваше дека Хаас би можел да освои поени уште во првата трка, но овие работи во овј момент не се случуваат. Манор се убедливо посленди на табелата, а Рио Харјанто има уште многу да учи за Формула 1. Целиот е збунет и прави нелогични грешки, што може да има последица да биде замена на Малдонаторот. Рено и Ред Бул имаат значително подобрување во издржливоста на Рено ПЕ, но и кај нив недостигаат 50+ КС.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:23.837
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:24.197 + 0.360
3. Себастијан Ветел Ферари 1:24.675 + 0.838
4. Кими Раиконен Ферари 1:25.033 + 1.196
5. Макс Фестапен Торо Росо 1:25.434 + 1.591
6. Фелипе Маса Вилијам 1:25.458 + 1.601
7. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:25.582 + 1.745
8. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:25.589 + 1.752
* 2014 1. Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 1:44.231 (дожд)
* 2015 1. Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 1:26.327
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:24.605
9. Серџо Перез Форс Индија 1:25.753 + 1.148
10. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:25.865 + 1.260
11. Валтери Ботас Вилијамс 1:25.961 + 1.356
12. Фернандо Алонсо Мекларен 1:26.125 + 1.520
13. Џенсон Батон Мекларен 1:26.304 + 1.669
14. Џолион Палмер Рено 1:27.601 + 2.996
15. Кевин Магнусен Рено 1:27.742 + 3.137
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:25.351
16. Маркус Ериксон Заубер 1:27.435 + 2.084
17. Фелипе Наср Заубер 1:27.958 + 2.607
18. Дањил Квјат Ред Бул 1:28.006 + 2.655
19. Роман Грожан Хас 1:28.322 + 2.971
20. Естебан Гутиерез Хас 1:29.606 + 4.255
21. Рио Харјанто Манор 1:29.627 + 4.276
22. Паскал Верлајн Манор 1:29.642 + 4.391
107% време: 1:31.325

